Поттикнати од одличните идеи кои ги добивме за време на првиот UPSHIFT циклус, како и заинтересираноста за решавање на проблеми од областа на заштита на животната средина – решивме вториот циклус да го посветиме на проблем кој нè засега сите нас и кој бара итни и иновативни решенија.

Екстремно висока концентрација на штетни честички во воздухот, која во голема мера ги надминува поставените граници за заштита на нашето здравје, е редовно регистирана во скоро сите населени места ширум земјата.

Со секој здив, илјадници деца во земјата вдишуваат отровен воздух. Загадувањето на воздухот има најголемо влијание врз здравјето на децата во споредба со сите други еколошки закани, а последиците се долготрајни. Но, постојат начини за превенција и намалување на штетните ефекти.

Нашиот нов предизвик за вас гласи:

како да го намалиме загадувањето и да го подобриме квалитетот на воздухот во и околу училиштата и градинките?

Размислувајте локално, но не заборавајте дека добрите идеи можат да го променат светот – загадувањето на воздухот е глобален проблем. Имајте во предвид дека бараме конкретни и иновативни решенија во вид на производ, услуга или процес (на пример: повеќе зелени површини, воведување училишни автобуси, регулирање на сообраќај околу училиштата, инсталирање зелени ѕидови, зони со забрана за движење на возила – овие се само мал дел од можностите кои постојат). Истите можат да се однесуваат на самите училишта но и на сите локации каде што најчесто се движите, односно решенија кои го вклучуваат и јавниот превоз. Покрај решенија за веќе настанатиот проблем, потребно е да размислуваме и во насока на превенција!

Што треба да направите?

Соберете тим од 2 до 5 учесници на возраст од 13 до 19 години и пополнете ја апликацијата (линк) до 16ти ноември. Повикот е отворен за сите заинтересирани ширум државата.

Ние ќе ве известиме дали сте меѓу десетте тимови кои имаат најголем потенцијал и кои ќе добијат шанса да учествуваат на втората UPSHIFT работилница на почетокот на декември 2018 год. Најдобрите пет ќе добијат менторска и финансиска поддршка.

Што да очекувате од програмата?

Да научите нови техники кои се применливи во решавање на било каков проблем.

Можност да ја развиете и спроведете вашата идеја.

Да стекнете супер корисни вештини и конечно да ја победите тремата од презентирање.

Да придонесете во решавањето на проблемот со намалување на загадувањето и штетните влијанија на загадениот воздух кои нè засегаат сите.

Многу забава и дружење!

Корисни материјали и линкови:

Скопје се загрева

Годишен извештај за квалитетот на животната средина

Мој воздух

#СекојЗдивЕВажен

How your school can prevent pollution?

https://www.epa.gov/iaq-schools/technical-solutions-common-indoor-air-quality-issues-schools

https://www.conserve-energy-future.com/41-super-easy-ways-to-stop-air-pollution.php

За подетални информации за правилата за учество во програмата и начинот на пријавување контактирате со Маја Трајкова на Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. или преку Facebook страната на CEED HUB Скопје.

 

*UPSHIFT е програма развиена од страна на УНИЦЕФ, и има за цел преку решавање на социјални проблеми и предизвици да им помогне на младите луѓе да развијат нови вештини, да научат повеќе за социјалното претприемништво и да стекнат нови пријателства.

Програмата ја реализира CEED Hub Скопје со поддршка на Министерство за образование и наука, Фондот за иновации и технолошки развој, УНИЦЕФ и Бирото за развој на образованието.

 

АПЛИЦИРАЈ

 

zamenik-mk 

Министер за образование и наука

zamenik-petar-mk

Заменик министер за образование и наука

misija i vizija

politika-za-kvalitet

sektori mon v2

organi mon v2

ucebnici-mon-gov-mk

cenovnik-za-oshteteni-uchebnici

otvoreno-vladino-partnerstvo 

strategija-za-obr

strategija-prepriemachko

SDIS v2

mon_slika.jpg 

Informacii-od-javen-karakter-1

baner2 Foto novo 

MK-final-vertical-3-version-03.2017

NDC Skopje

horizon 2020 1 banner

Copy of NA Logo H MK 

centri za karierno 

PSO

Kampanja vlada

preliminarna-lista-1

ipa4

 

 

 

 

javen povik osnovno sredno

olimpijada-9

stipendii-stranstvo-mk-ang-baner

Untitled-Banner 1Banner tutori1

 

Banner Tracer MK

 logo-katalog

1000-knigi-novo

 

banner lab

obrazovanie na vozrasni

prezemi-upatstvo 

MCGO-baner

 

Sportska-akademija-logo

20 септември - Интернационален ден на универзитетскиот спорт


 

 

 

Адреса

Министерство за образование и наука

ул. Св. Кирил и Методиј бр. 54

1000 Скопје, Република Македонија

Copyright © 2016 mon.gov.mk. Сите права се заштитени.

Контакти

phone icon +389 2 3117 896

fax +389 2 3118 414

mail contact@mon.gov.mk

Поврзете се со нас

facebook-icon

Следете нè на Facebook