Стратегија за образование на Република Македонија за 2018-2025 година и нејзиниот акциски план, беше подготвена со поддршка од Европската унија, преку реализација на ИПА проектот „Техничка помош за подготовка на сеопфатна Стратегија за образование 2016 – 2020“ во рамки на Оперативната програма „Развој на човечки ресурси 2007-2013“.

При подготовката на стратешкиот документ којашто започна во февруари 2016 година се спроведоа широки консултации со учество на претставници од државни и јавни институции, синдикати, бизнис заедница, образовни институции, развојни партнери и граѓанскиот сектор. Во идентификувањето и утврдувањето на предизвиците и приоритетите па се до формулирањето на финалниот текст учествуваа околу 700 лица, при што дополнително се организираа и 7 регионални средби низ земјата. Исто така, во 2016 и 2017 година работни верзии од стратешкиот документ беа споделени со пошироката јавност за коментирање на веб страната на Министерството за образование и наука.

Стратегијата за образование 2018-2025 е усогласена со новата Програма на Владата на Република Македонија, врз основа на што се дефинираа приоритетни области за период 2018-2020, како и за период 2020-2025.

Работна верзија од стратешкиот документ се дискутираше на Собраниската комисија за образование, наука и спорт, во ноември 2017. Владата на Република Македонија ја усвои Стратегијата за образование 2018-2025 со aкцискиот план на 31. јануари 2018 година

 

Преглед на Стратегијата за образование 2018-2025

 

Структура:

Документот опфаќа шест главни столбови на образовниот систем: предучилишно образование; основно образование; средно образование; стручно образование и обука; високо образование и истражување; и учење и образование за возрасни. Потоа следи седмиот столб каде се опфатени општи теми во образовниот систем. Секој столб опфаќа: преглед на состојбата и досегашните активности, идентификување на предизвиците, дефинирање на приоритетите и очекуваните исходи кои треба да се постигнат. Има засебен дел што ги претставува главните начела за спроведување, мониторинг и евалуација на Стратегијата, како засебен дел е и Акциониот план.

Цели и задачи:

Целите и задачите дефинирани во Стратегијата произлегуваат од најзначајните предизвици на образовниот систем кои се идентификувани преку темелна анализа на состојбите во секој подсектор. Тие се, исто така, во согласност со целите дефинирани од страна на клучните документи поврзани со пристапниот процес и потпишани од страна на ЕУ и Република Македонија и усвоени од страна на ВРМ. При тоа, земени се предвид и документите од кои Република Македонија како земја членка на Организацијата на Обединети нации има обврска да се раководи, односно да ги почитува како што се основните конвенции за човекови права, милениумските развојни цели и целите за оддржлив развој.

Владата на РМ ги смета образованието, обуката, истражувањето и иновациите како клучни фактори за зајакнување на националната економија и добросостојбата на граѓаните. Во овој контекст, како визија што е определена со оваа Стратегија може да се смета заложбата да се обезбеди сеопфатно, инклузивно и интегрирано образование насочено кон „ученикот1 , со современи програми што овозможуваат идните генерации да се стекнат со знаења, вештини и компетенции согласно потребите на демократското мултикултурно општество, пазарот на трудот и новите предизвици во глобалниот научно-технолошки амбиент.

[1]Во овој контекст, под терминот „ученик“ се подразбира секој учесник во воспитниот и/или образовниот процес

 

Стратегија за образование 2018-2025 година MAK

Стратегија за образование 2018-2025 година ENG

Стратегија за образование 2018-2025 година ALB

 

 

 

 

zamenik-mk 

Министер за образование и наука

zamenik-petar-mk

Заменик министер за образование и наука

misija i vizija

politika-za-kvalitet

sektori mon v2

organi mon v2

ucebnici-mon-gov-mk

cenovnik-za-oshteteni-uchebnici

otvoreno-vladino-partnerstvo 

strategija-za-obr

strategija-prepriemachko

SDIS v2

mon_slika.jpg 

Informacii-od-javen-karakter-1

baner2 Foto novo 

MK-final-vertical-3-version-03.2017

NDC Skopje

horizon 2020 1 banner

Copy of NA Logo H MK 

centri za karierno 

PSO

Kampanja vlada

preliminarna-lista-1

ipa4

 

 

 

 

javen povik osnovno sredno

olimpijada-9

stipendii-stranstvo-mk-ang-baner

Untitled-Banner 1Banner tutori1

 

Banner Tracer MK

 logo-katalog

1000-knigi-novo

 

banner lab

obrazovanie na vozrasni

prezemi-upatstvo 

MCGO-baner

 

Sportska-akademija-logo

20 септември - Интернационален ден на универзитетскиот спорт


 

 

 

Адреса

Министерство за образование и наука

ул. Св. Кирил и Методиј бр. 54

1000 Скопје, Република Македонија

Copyright © 2016 mon.gov.mk. Сите права се заштитени.

Контакти

phone icon +389 2 3117 896

fax +389 2 3118 414

mail contact@mon.gov.mk

Поврзете се со нас

facebook-icon

Следете нè на Facebook