Ве известуваме дека објавуваме резултати од продолжениот рок за студентите од прва и повисоките години на Конкурсот за прием на студенти запишани во на додипломски студии во државните студентски домови и други објекти за сместување во Република Македонија за студиската 2018/2019 година за градовите Битола, Охрид и Прилеп.
По објавување на списокот, студентот има право на приговор во рок од 5 дена кој се поднесува во Министерството за образование и наука, до Комисијата за прием на студенти во градовите Битола, Охрид и Прилеп.
Напоменуваме дека поради можноста од грешка при пополнување на електронската апликација од страна на студентите, истите може да се најдат во табелата за прва година или пак во табелата за повисоките години. Односно, на пример доколку студентот е запишан во прва година, а по негова грешка направил апликација на продолжениот рок во повисоките години, Комисијата ја земала во предвид неговата апликација и се наоѓа во списокот онаму каде што пополнил апликација. Истото се однесува и за обратната ситуација, односно доколку студент од повисоките години се пријавил електронски во прва година.

Правна поука: Приговорите по резултатите се доставуваат до Министерството за образование и наука, ул.„Коце Металец“ бр.54, 1000 Скопје, во рок од 5 дена од денот на објавување на резултатите.

 

Резултати од продолжениот рок за студентските домови во Охрид и Битола