Директоратот за образование и култура на Министерството за надворешни работи на Република Грција доделува стипендии за после дипломски (магистерски и докторски) студии за странски државјани на институции за високо образование во Република Грција, за академската 2018-2019 година. 

 

1. Право на аплицирање:

 Странски државјани со или без грчко потекло, а кои живеат во странство.

2. Времетраење на стипендиите

- Една академска година за стекнување сертификат за одлично владеење на грчкиот јазик, доколку е потребно;

- 2 години за студии, а со одлука на Е1 Директоратот може да се одобри една дополнителна академска година (максимум).

 3. Стипендијата вклучува:

- 700 евра еднократна помош;

- 368 евра  месечна стипендија;

-- Бесплатна школарина;

- Бесплатни учебници, со исклучок за учебниците за учење на грчки јазик;

- Бесплатна здравствена заштита.

4. Услови:

- Стипендијата за студенти по грчки јазик  ќе се обновува  под услов  корисникот на стипендијата да се здобил со сертификат за грчки јазик во јуни или во септември;

- Корисниците на стипендија се обврзани редовно да ги посетуваат студиите, да постигнуваат задоволителен напредок, континуиран успех; 

- Стипендијата може да биде укината во секое време во случај на незадоволителен успех или за незаконско или несоодветно однесување на корисникот на стипендијата.

 

5. Потребни документи за аплицирање

- Формулар за аплицирање со избор на три студиски програми;

- CV;

- Диплома за завршено високо образование;

- Сертификат за познавање на грчки јазик (доколку поседува); 

- Потврда издадена од грчки институции за високо образование со што се потврдува дека кандидатот се прифаќа на магистерски студии, или да работи на докторатот;

- Најмалку две препораки; 

- Документ за државјанство за кандидатот и родителите и потекло, издаден од соодветни државни органи;

- 1 фотографија;

- Фотокопија од сите страници на пасошот.

 6. Кандидати со некомплетни  документи (наведени погоре) нема бидат прифатени.

Во  прилог е формуларот за аплицирање и подетални информации за условите  за аплицирање,  на англиски јазик.

Формуларите за аплицирање со потребните документи треба да се поднесат лично во Канцеларијата за врски на Република Грција во Скопје, каде ќе се спроведе интервју со секој поединечен апликант, a крајниот рок за аплицирање е 25 јули, 2018 година.  

 

 


 

zamenik-mk 

Министер за образование и наука

zamenik-petar-mk

Заменик министер за образование и наука

misija i vizija

politika-za-kvalitet

sektori mon v2

organi mon v2

ucebnici-mon-gov-mk

cenovnik-za-oshteteni-uchebnici

otvoreno-vladino-partnerstvo 

strategija-za-obr

strategija-prepriemachko

SDIS v2

mon_slika.jpg 

Informacii-od-javen-karakter-1

baner2 Foto novo 

MK-final-vertical-3-version-03.2017

NDC Skopje

horizon 2020 1 banner

Copy of NA Logo H MK 

centri za karierno 

PSO

Kampanja vlada

preliminarna-lista-1

ipa4

 

 

 

 

javen povik osnovno sredno

olimpijada-9

stipendii-stranstvo-mk-ang-baner

Untitled-Banner 1Banner tutori1

 

Banner Tracer MK

 logo-katalog

1000-knigi-novo

 

banner lab

obrazovanie na vozrasni

prezemi-upatstvo 

MCGO-baner

 

Sportska-akademija-logo

20 септември - Интернационален ден на универзитетскиот спорт


 

 

 

Адреса

Министерство за образование и наука

ул. Св. Кирил и Методиј бр. 54

1000 Скопје, Република Македонија

Copyright © 2016 mon.gov.mk. Сите права се заштитени.

Контакти

phone icon +389 2 3117 896

fax +389 2 3118 414

mail contact@mon.gov.mk

Поврзете се со нас

facebook-icon

Следете нè на Facebook