Директоратот за образование и култура на Министерството за надворешни работи на Република Грција доделува стипендии за додопломски студии за странски државјани на универзитети и институти за технологија во Република Грција, за академската 2018-2019 година.

 

1. Право на аплицирање:

- Странски државјани со грчко потекло кои живеат во странство во последните пет години.
- Странски државјани без грчко потекло кои живеат во странство.

2. Времетраење на стипендиите

- Една академска година за стекнување сертификат за владеење на грчкиот јазик, доколку е потребно;
- Од 4 до 6 академски години за студии;
- Дополнително време за стекнување на дипломата, но не подоцна од јуни во следната академска година


3. Стипендијата вклучува:

- 700 евра за сместување;
- 368 евра месечна стипендија;
- бесплатна школарина:
- бесплатни учебници, со исклучок за учебниците за учење на грчки јазик;
- бесплатна здравствена заштита во државна болница.

4. Услови:

- Стипендијата за студенти по грчки јазик ќе се обновува под услов корисникот на стипендијата да се здобил со сертификат за грчки јазик во јуни или во септември;
- Стипендијата за додипломските студенти се обновува под услов успешно да се положени 70% од предвидените испити во првата и втората академска година, а потоа 80%;
- Корисниците на стипендија се обврзани редовно да ги посетуваат предавањата и редовно да ги полагаат сите испити;
- Стипендијата може да биде прекината во секое време во случај на незадоволителен успех или за незаконско или несоодветно однесување на корисникот на стипендијата.

5. Потребни документи за аплицирање

- Формулар за аплицирање со избор на три студиски програми;
- CV;
- Диплома за завршено средно образование;
- Сертификат за познавање на грчки јазик (ако има);
- Државјанство за кандидатот и родителите и етничка припадност, издаден од соодветни државни органи;
- Потврда издадена од соодветни државни органи со што се потврдува дека со дипломата за завршено средно образование кандидатот може да се запише на институциите за високо образование во својата земја;
- Потврда издадена од дипломатско - конзуларното претставништво на Грција со што се потврдува дека кандидатот и родителите живеат во странство најмалку 5 години и дека не се вработени од Владата на Грција;
- 1 фотографија;
- Фотокопија од сите страници на пасошот.

6. Кандидати со некомплетни документи (наведени погоре) нема бидат прифатени.

Во прилог формулар за аплицирање и подетални информации за условите за аплицирање, на англиски јазик.

Формуларите за аплицирање со потребните документи треба да се поднесат лично во Канцеларијата за врски на Република Грција во Скопје, каде ќе се спроведе интервју со секој поединечен апликант, a крајниот рок за аплицирање е 25 јули, 2018 година.

 

zamenik-mk 

Министер за образование и наука

misija i vizija

politika-za-kvalitet

sektori mon v2

organi mon v2

ucebnici-mon-gov-mk

cenovnik-za-oshteteni-uchebnici

otvoreno-vladino-partnerstvo

strategija-prepriemachko

SDIS v2

mon_slika.jpg 

Informacii-od-javen-karakter-1

baner2 Foto novo

мостови

NDC Skopje

horizon 2020 1 banner

Copy of NA Logo H MK 

centri za karierno 

PSO

Kampanja vlada

preliminarna-lista-1

ipa4

 

 

 

 

javen povik osnovno sredno

olimpijada-9

stipendii-stranstvo-mk-ang-baner

Banner tutori1

 

Banner Tracer MK

 logo-katalog

1000-knigi-novo

 

banner lab

obrazovanie na vozrasni

prezemi-upatstvo 

MCGO-baner

 Untitled-Banner 1

Sportska-akademija-logo

20 септември - Интернационален ден на универзитетскиот спорт


 

 

 

Адреса

Министерство за образование и наука

ул. Св. Кирил и Методиј бр. 54

1000 Скопје, Република Македонија

Copyright © 2016 mon.gov.mk. Сите права се заштитени.

Контакти

phone icon +389 2 3117 896

fax +389 2 3118 414

mail contact@mon.gov.mk

Поврзете се со нас

facebook-icon

Следете нè на Facebook