Врз основа на член 22 од Законот за вработените во јавниот сектор („Службен весник на Република Македонија“ бр. 27/141, 199/14, 27/16 и 35/18) и член 22 и 23 од Законот за работните односи („Службен весник на Република Македонија“ бр. 62/05, 106/08, 161/8, 114/09, 130/09, 50/10, 52/10, 124/10, 47/11, 11/12, 39/12, 13/13, 25/13, 170/13, 187/13, 113/14, 20/15, 33/15, 72/15, 129/15 и 27/16) Министерството за образование и наука објавува:
ЈАВЕН ОГЛАС
за засновање на работен однос на определено време во
Министерството за образование и наука
Огласот опфаќа вработување на 3 (три) лица на определено време за период додека трае мандатот на министерот за образование и наука, за следните работни места :
1. Посебен советник за нормативно правни работи во образование - 1 извршител;
2. Посебен советник за односи со јавност и медиуми - 1 извршител и
3. Посебен советник за образовни политики во основно, средно и високо образование - 1 извршител;
Кандидатите покрај општите услови: да се државјани на Република Македонија и со правосилна судска пресуда да не им е изречена казна забрана на вршење професија, дејност или должност, треба да ги исполнуваат и следните посебни услови:
1. За работното место - Посебен советник за нормативно правни работи во образование:
Вид на образование: |
-најмалку 300 кредити според ЕКТС или VII/2 степен на стручна подготовка, правни науки |
Работно искуство во струката: |
- најмалку 2 години практично искуство во струката |
Други професионални квалификации способности и вештини, вклучувајќи и лични квалитети: |
- положен правосуден испит; - познавање на англискиот јазик; - активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење; - решавање на проблеми и носење одлуки; - остварување на резултати; - работење со други/тимска работа |
2.За работното место - Посебен советник за односи со јавност и медиуми:
Вид на образование : |
-најмалку 240 кредити според ЕКТС или VII/1 степен на стручна подготовка, Филолошки факултет, албански јазик и книжевност |
Работно искуство во струката : |
-најмалку 8 години практично искуство во областа на односите со јавност и медиуми |
Други професионални квалификации способности и вештини, вклучувајќи и лични квалитети: |
- познавање на англискиот јазик; - решавање на проблеми и носење одлуки; - остварување на резултати; - работење со други/тимска работа; |
3. За работното место - Посебен советник за образовни политики во основно, средно и високо образование:
Вид на образование : |
-најмалку 240 кредити според ЕКТС или VII/1 степен на стручна подготовка, правни науки |
Работно искуство во струката : |
-најмалку 3 години практично искуство во струката |
Други професионални квалификации способности и вештини, вклучувајќи и лични квалитети: |
- решавање на проблеми и носење одлуки; - остварување на резултати; - работење со други/тимска работа; |
Јавниот оглас трае 5 (пет) работни дена од денот на објавување, односно најдоцна до 28.06.2018 година до 16:30 часот, а изборот на кандидатите ќе се изврши најдоцна до 03.07.2018 година.
За горенаведените работни места неделното работно време е од понеделник до петок, 8 работни часа (7:30/8:30-15:30/16:30), а основната плата изнесува 36.881,00 денари.
Со пријавата покрај кратка биографија, кандидатите се должни да достават и соодветни докази во оригинална форма или копија заверена кај нотар, во поглед на општите и посебните услови и тоа:
Диплома за завршен степен на образование кое се бара за работното место, Потврда за работното искуство, Уверение за познавање англиски јазик, Државјанство и Уверение дека не е изречена судска забрана за вршење на професијата, дејност или должност.
Бараните документи се доставуваат во затворен коверт со напомена: “Да не се отвора”, на следнава адреса:
Министерство за образование и наука
Одделение за управување со човечки ресурси
бул. Св. „Кирил и Методиј“ 54 Скопје
(со назнака “за оглас”)
Скопје
На спротивната страна на ковертот да се наведе редниот број на работното место за кое се аплицира, со напомена: “Да не се отвора”
Ненавремена, нецелосна и некомплетна пријава и документација нема да биде разгледана.