Ромскиот едукативен фонд од Будимпешта и Министерството за образование и наука ќе продолжат да обезбедуваат финансиска стимулација и менторска поддршка за учениците од ромската етничка заедница во Република Македонија.

Ова беше договорено на денешната средба помеѓу министерот за образование и наука, Арбер Адеми и претставниците на Ромскиот едукативен фонд кој десетина години е партнер на земјава и придонесува во зајакнувањето на процесот на интеграција на младите Роми во општеството, преку поддршка и помош во нивното образование и реализација на личните и професионални аспирации.

Министерот Адеми изрази задоволство од досегашниот придонес на РЕФ во креирањето и реализацијата на националните образовни политики на земјата, кој го оцени како исклучително висок и посака да продолжат успесите и позитивните резултати, кои ја одбележаа и досегашната соработка.

Инаку, досега со поддршка од РЕФ доделени се над 5.000 стипендии на ученици Роми и ангажирани се околу 1.000 наставници ментори и тутори кои преку дополнителна настава им помагаат на учениците за полесно совладување на материјалот по наставните предмети.  

 

zamenik-mk 

Министер за образование и наука

zamenik-petar-mk

Заменик министер за образование и наука

misija i vizija

politika-za-kvalitet

sektori mon v2

organi mon v2

ucebnici-mon-gov-mk

cenovnik-za-oshteteni-uchebnici

otvoreno-vladino-partnerstvo

strategija-prepriemachko

SDIS v2

mon_slika.jpg 

Informacii-od-javen-karakter-1

baner2 Foto novo

мостови

NDC Skopje

horizon 2020 1 banner

Copy of NA Logo H MK 

centri za karierno 

PSO

Kampanja vlada

preliminarna-lista-1

ipa4

 

 

 

 

javen povik osnovno sredno

olimpijada-9

stipendii-stranstvo-mk-ang-baner

Banner tutori1

 

Banner Tracer MK

 logo-katalog

1000-knigi-novo

 

banner lab

obrazovanie na vozrasni

prezemi-upatstvo 

MCGO-baner

 Untitled-Banner 1

Sportska-akademija-logo

20 септември - Интернационален ден на универзитетскиот спорт


 

 

 

Адреса

Министерство за образование и наука

ул. Св. Кирил и Методиј бр. 54

1000 Скопје, Република Македонија

Copyright © 2016 mon.gov.mk. Сите права се заштитени.

Контакти

phone icon +389 2 3117 896

fax +389 2 3118 414

mail contact@mon.gov.mk

Поврзете се со нас

facebook-icon

Следете нè на Facebook