Фондот за иновации и технолошки развој и UNICEF денеска  најавија почеток на нов проект со кој учениците ќе се поттикнуваат да учествуваат во детектирањето на општествените проблеми и во изнаоѓањето на креативни решенија за нивно надминување. 

На потпишувањето на меморандумот за имплементација на активностите, присуствуваше и министерот за образование и наука, Арбер Адеми кој рече дека станува збор за примена на таканаречена „UP SHIFT“ програма во чии рамки наставниците ќе користат современи наставни методи и техники за учење и развој на вештини, со кои ќе ги подучуваат младите и ќе овозможуваат да се развива нивната креативност и иновативност во делот на социјалното претприемништво.

„Практично, наставниците преку посебни програми што ќе се применуваат на часовите по предметите поврзани со иновациите и претприемништвото, ќе ја подигнуваат социјалната одговорност на учениците, способноста сами да детектираат општествени предизвици и да пристапуваат или да се приклучуваат кон заложбите за нивно решавање преку развој на иновативни проекти, односно решенија“, потенцираше Адеми. 

Како што рече, учениците ќе имаат можност да се организираат во групи и со конкретни предлог проекти во областа на социјалното претприемништво да аплицираат на јавен повик за обезбедување на тримесечна менторска поддршка и  средства за имплементација на предлог проектот.

На крајот ги повика и наставниците и учениците во што поголем број да учествуваат во реализацијата на оваа мерка која за прв пат станува достапна во земјата, со цел да се постигне посакуваниот ефект.  

 

zamenik-mk 

Министер за образование и наука

misija i vizija

politika-za-kvalitet

sektori mon v2

organi mon v2

ucebnici-mon-gov-mk

cenovnik-za-oshteteni-uchebnici

otvoreno-vladino-partnerstvo

strategija-prepriemachko

SDIS v2

mon_slika.jpg 

Informacii-od-javen-karakter-1

baner2 Foto novo

мостови

NDC Skopje

horizon 2020 1 banner

Copy of NA Logo H MK 

centri za karierno 

PSO

Kampanja vlada

preliminarna-lista-1

ipa4

 

 

 

 

javen povik osnovno sredno

olimpijada-9

stipendii-stranstvo-mk-ang-baner

Banner tutori1

 

Banner Tracer MK

 logo-katalog

1000-knigi-novo

 

banner lab

obrazovanie na vozrasni

prezemi-upatstvo 

MCGO-baner

 Untitled-Banner 1

Sportska-akademija-logo

20 септември - Интернационален ден на универзитетскиот спорт


 

 

 

Адреса

Министерство за образование и наука

ул. Св. Кирил и Методиј бр. 54

1000 Скопје, Република Македонија

Copyright © 2016 mon.gov.mk. Сите права се заштитени.

Контакти

phone icon +389 2 3117 896

fax +389 2 3118 414

mail contact@mon.gov.mk

Поврзете се со нас

facebook-icon

Следете нè на Facebook