Владата на Република Македонија и амбасадата на Швајцарската Конфедерација во Скопје денеска потпишаа меморандум за имплементација на нов образовен проект со кој ќе се подигнува вработливоста во земјата.

Проектот е насловен „Образование за вработување во Македонија“ и истиот, почнувајќи од оваа ќе се имплементира во следните 10 години, преку повеќе етапи од кои првата треба да заврши во 2022. Фокусот ќе биде насочен кон унапредување на неформалното и формалното стручно образование во технолошкиот, услужниот и ИТ секторот, а ќе бидат опфатени млади невработени и несоодветно вработени лица на возраст до 29 години, ученици од стручното образование и обука, со грижа за вклучувањето на жени, Роми, како и лица со попреченост.

„Проектот ќе биде имплементиран од страна на Helvetas Swiss Intercooperation, Македонскиот центар за граѓанско образование (МЦГО) и Стопанската комора на Македонија, со поддршка на стручен тим на Министерството за образование и наука и другите релевантни институции. Целта е јасна – подигнување на степенот на вработливост во земјата, а тоа е најгорливиот проблем со кој државата се соочува уште од самото осамостојување и кој, ние како Влада се обидуваме на сите можни начини, да го намалиме и во тоа не сме сами“, рече министерот за образование и наука, Арбер Адеми кој присуствуваше на потпишувањето на меморандумот за имплементација на проектот.

Адеми посочи дека овој проект е подготвен во соработка со оние за кои ќе се однесува, со амбасадата на Швајцарија и други партнери кои имаат добро познавање на состојбите во областа на образованието и дека истиот ќе иницира позитивни ефекти на пазарот на трудот, односно ќе придонесе во намалувањето на јазот кој постои помеѓу реалните потреби и понудата на човечки капитал.

Заблагодарувајќи се на сите партнери во рамките на проект, нагласи дека очекува особено поддршката на Швајцарската Конфедерација кон Република Македонија во насока на унапредување на квалитетот на образовниот систем да продолжи и да се интензивира во периодот што следи.

 

zamenik-mk 

Министер за образование и наука

zamenik-petar-mk

Заменик министер за образование и наука

misija i vizija

politika-za-kvalitet

sektori mon v2

organi mon v2

ucebnici-mon-gov-mk

cenovnik-za-oshteteni-uchebnici

otvoreno-vladino-partnerstvo

strategija-prepriemachko

SDIS v2

mon_slika.jpg 

Informacii-od-javen-karakter-1

baner2 Foto novo

мостови

NDC Skopje

horizon 2020 1 banner

Copy of NA Logo H MK 

centri za karierno 

PSO

Kampanja vlada

preliminarna-lista-1

ipa4

 

 

 

 

javen povik osnovno sredno

olimpijada-9

stipendii-stranstvo-mk-ang-baner

Banner tutori1

 

Banner Tracer MK

 logo-katalog

1000-knigi-novo

 

banner lab

obrazovanie na vozrasni

prezemi-upatstvo 

MCGO-baner

 Untitled-Banner 1

Sportska-akademija-logo

20 септември - Интернационален ден на универзитетскиот спорт


 

 

 

Адреса

Министерство за образование и наука

ул. Св. Кирил и Методиј бр. 54

1000 Скопје, Република Македонија

Copyright © 2016 mon.gov.mk. Сите права се заштитени.

Контакти

phone icon +389 2 3117 896

fax +389 2 3118 414

mail contact@mon.gov.mk

Поврзете се со нас

facebook-icon

Следете нè на Facebook