Република Македонија како потписник на Договорот помеѓу Република Албанија, Република Австрија, Република Бугарија, Босна и Херцеговина, Република Хрватска, Република Чешка, Република Унгарија, Црна Гора, Република Полска, Република Молдавија, Романија, Република Србија, Република Словачка, Република Словенија и Република Косово за промовирање на соработката во полето на високото образование во рамките на Централноевропската програма за размена во областа на универзитетските студии (CEEPUSIII- Central European Exchange Program for University Studies), им овозможува на високообразовните институции да партиципираат како партнери во вкупно 36 мрежи од различни области. Во рамки на овие мрежи студентите од прв, втор и трет циклус и професорите имаат можност да аплицираат за стипендии за студиски престој надвор од Република Македонија. Во CEEPUS мрежите вклучени се и Универзитети од гореспоменатите земји.
Програмата има за цел да промовира мобилност на студенти и наставен кадар и соработка и развивање на заеднички програми што води до заеднички дипломи (Joint degree).

За академската 2018/2019 година вклучени се следниве високообразовни институции од Република Македонија:

1.Универзитетот ,,Св.Кирил и Методиј’’- Скопје преку следниве факултети:
- Филолошки факултет „Блаже Конески“
Катедра за Германски јазик и книжевност;
Катедра за Италијански јазик и книжевност,

- Медицински факултет;

-Факултет за ветеринарна медицина;

-Машински факултет;
Институт за производно инженерство

- Природно - математички факултет
Институт за хемија;
Институт за етнологија и антропологија;
Институт за географија;

- Факултет за земјоделски науки и храна;

-Правен факултет „Јустинијан Први„

- Економски факултет;

-Фармацевски факултет,

- Технолошко-металуршки факултет,

- Факултет за електротехника и информациски технологии;
Институт за математика и физика

- Филозофски факултет;
Институт за историја на уметност и археологија
Институт за филозофија

- Градежен факултет
Катедра за механика и материјали;

-Факултет за ликовни уметности
2.Универзитетот ,,Св.Климент Охридски’’ - Битола преку следниве
факултети:

-Факултет за информатички и комуникациски технологии – Битола,
-Правен факултет – Кичево
-Факултет за туризам и угостителство- Охрид,
-Технички факултет – Битола,
-Хидробиолошки институт- Охрид,
- Технолошко-технички факултет – Велес.

3. Универзитет „Гоце Делчев’’ – Штип преку следниве факултети:

-Земјоделски факултет,

4.Државен Универзитет во Тетово- Тетово преку следниве факултети:
- Факултет за медицински науки,
-Економски факултет,
-Факултет за природно-математички науки,
- Филозофски факултет.

5. Универзитет за информатички науки и технологии „Св Апостол Павле“ – Охрид

-Факултет за информатички системи, визуелизација, дигитална, мултимедијална и анимациска техника

6 .Институт Евро- Балкан- Скопје,

-Студии на Југоисточна Европа

7.Американ Колеџ- Скопје

- Странски јазици

8. Факултет за бизнис економија - Скопје

Единствен начин е online аплицирање на www.ceepus.info
Крајниот рок за аплицирање за зимскиот семестар во академската 2018/2019 година е 15 јуни 2018 година, а за летниот семестар во академската 2017/2018 година е 31 октомври 2018 година.

За подетални информации обратете се во Националната CEEPUS канцеларија при Министерството за образование и наука, на контакт телефон 02/ 3140185 или e-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.,.

 

zamenik-mk 

Министер за образование и наука

zamenik-petar-mk

Заменик министер за образование и наука

misija i vizija

politika-za-kvalitet

sektori mon v2

organi mon v2

ucebnici-mon-gov-mk

cenovnik-za-oshteteni-uchebnici

otvoreno-vladino-partnerstvo 

strategija-za-obr

strategija-prepriemachko

SDIS v2

mon_slika.jpg 

Informacii-od-javen-karakter-1

baner2 Foto novo

мостови

NDC Skopje

horizon 2020 1 banner

Copy of NA Logo H MK 

centri za karierno 

PSO

Kampanja vlada

preliminarna-lista-1

ipa4

 

 

 

 

javen povik osnovno sredno

olimpijada-9

stipendii-stranstvo-mk-ang-baner

Untitled-Banner 1Banner tutori1

 

Banner Tracer MK

 logo-katalog

1000-knigi-novo

 

banner lab

obrazovanie na vozrasni

prezemi-upatstvo 

MCGO-baner

 

Sportska-akademija-logo

20 септември - Интернационален ден на универзитетскиот спорт


 

 

 

Адреса

Министерство за образование и наука

ул. Св. Кирил и Методиј бр. 54

1000 Скопје, Република Македонија

Copyright © 2016 mon.gov.mk. Сите права се заштитени.

Контакти

phone icon +389 2 3117 896

fax +389 2 3118 414

mail contact@mon.gov.mk

Поврзете се со нас

facebook-icon

Следете нè на Facebook