Врз основа на член 17-а став 1 од Законот за учебници за основно и средно образование  („Службен весник на РМ„   бр.98/2008, 99/2009, 83/10, 36/11, 135/11, 46/12, 24/13, 120/13, 29/14, 146/15, 217/15,  30/16 и 21/18) МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ОБРАЗОВАНИЕ И НАУКА - Педагошка служба, објавува

ПОВИК ЗА ИСКАЖУВАЊЕ НА ЈАВЕН ИНТЕРЕС
за  формирање на авторски тимови за  изработка на ракописи за учебници  во основно образование

Авторски тимови ќе се формираат за следните наставни предмети:

1.     Општество за IV одделение во деветгодишно основно образование,
2.    Информатика за VI одделение во деветгодишно основно образование,

Заинтересираните авторски тимови потребно е да достават пријава за авторски тим  до архивата на Педагошката служба –ул.„Св.Кирил и Методиј„ 54- Скопје, заклучно со 12.06.2018 година. (пријавата може да се преземе овде).

Кон пријавата авторите  од авторскиот тим задолжително треба да достават:
-    уверение или диплома за завршено соодветно образование, во оригинал или заверена со нотарски печат (авторите кои имаат завршено образование во странство должни се да достават нострифицирана диплома од Република Македонија),
-    изјава дека ги исполнува условите согласно член 11 од Законот за учебници за основно и средно образование

Министерството за образование и наука  известува дека ќе склучи договори само со авторските тимови чии ракописи за учебници се одобрени со одлука на Националната комисија за учебници за основно и средно образование.