Министерот за образование и наука м-р Абдилаќим Адеми оствари средба со амбасадорот на Обединетото Кралство Н. Е. Чарлс Едмунд Гарет. На средбата, беше истакната досегашната соработка помеѓу Република Македонија и Обединетото Кралство во полето на образованието и наука. Министерот Адеми го искажа своето задоволство од соработката меѓу Министерството за образование и наука со Меѓународниот центар за наставни програми – Кембриџ, со што учениците во Република Македонија ќе учат по истите наставни програми и од истите учебници како и учениците од Велика Британија, адаптирани на нашите национални особености.

 

Досегашната успешна соработка меѓу двете земји се остварува и преку стипендиите за втор циклус студии во Велика Британија во рамките на Британската Чевенинг програма за стипендии и Британскиот Фонд, која е една од најпрестижните програми за стипендии, наменети за меѓународни студенти за студирање во Обединетото Кралство.

Чевенинг стипендиите, како што е познато се глобална програма на стипендии на Велика Британија, финансирани од страна на Foreing and Commonwealth Office и неговите партнерски организации. Стипендиите се наменети на исклучителни кандидати со лидерски способности во повеќе области. Оваа програма нуди исклучителни можности за студентите да продолжат со своето образование на магистерски студии на најпрестижните универзитети во Велика Британија.

Исто така, на средбата беше истакната и досегашната соработка со Британскиот фонд, кој секоја година за кандидати од Република Македонија, доделува до шест стипендии за кратки студиски престои на соодветни високообразовани и научно-истражувачки институции во Велика Британија.  

Министерот Адеми на средбата истакна дека Министерството за образование и наука е подготвено да отпочне со реализација на билатерална проектна научна соработка, со што ќе се овозможи поголемо учество на научните институции од земјава во Европските рамковни програми. 

ministerka-slika-mk

Министер за образование и наука

zamenik-mk

Заменик Министер за образование и наука 

 

misija i vizija

politika-za-kvalitet

sektori mon v2

organi mon v2

ucebnici-mon-gov-mk

cenovnik-za-oshteteni-uchebnici

otvoreno-vladino-partnerstvo

strategija-prepriemachko

SDIS v2

 

 

horizontal mk

 

NDC Skopje

horizon 2020 1 banner

Copy of NA Logo H MK 

centri za karierno 

PSO

Kampanja vlada

preliminarna-lista-1

ipa4

 

 

 

 

javen povik osnovno sredno

olimpijada-9

stipendii-stranstvo-mk-ang-baner

Banner tutori1

 

Banner Tracer MK

 logo-katalog

1000-knigi-novo

 

banner lab

obrazovanie na vozrasni

prezemi-upatstvo 

MCGO-baner

 Untitled-Banner 1

Sportska-akademija-logo

20 септември - Интернационален ден на универзитетскиот спорт


 

 

 

Адреса

Министерство за образование и наука

ул. Св. Кирил и Методиј бр. 54

1000 Скопје, Република Македонија

Copyright © 2016 mon.gov.mk. Сите права се заштитени.

Контакти

phone icon +389 2 3117 896

fax +389 2 3118 414

mail contact@mon.gov.mk

Поврзете се со нас

facebook-icon

Следете нè на Facebook