Министерството за образование и наука  информира дека во тек е конкурс за доделување на стипендија за престој во германскиот Бундестаг во траење од 5  месеци, односно од 1 март до 31 јули 2019 година.
 
Стипендијата е наменета за високо квалификувани млади луѓе кои имаат желба по завршувањето на програмата активно и одговорно да учествуваат во креирањето на  демократската иднина во нивните земји.

Тие ќе имаат можност во текот на престојот, преку член на Бундестагот да се запознаат со германскиот парламентарен систем, со процесите на донесување на политичките одлуки, како и да стекнат практично искуство  во областа на парламентарната работа.
 
Согласно условите за аплицирање, потребно е кандидатите да се државјани на Република Македонија, да имаат завршено високо образование, одлично да го познаваат германскиот јазик, како и да имаат познавања за германската политика, општество и историја.
 
Апликациите се поднесуваат електронски на Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите., заклучно со 30 јуни 2018 година. Изборот на кандидати го прави Амбасадата на Германија во Скопје. Подетални информации може да се обезбедат на интернет адресата: www.bundestag.de/ips или www.skop.diplo.de.

 

zamenik-mk 

Министер за образование и наука

zamenik-petar-mk

Заменик министер за образование и наука

misija i vizija

politika-za-kvalitet

sektori mon v2

organi mon v2

ucebnici-mon-gov-mk

cenovnik-za-oshteteni-uchebnici

otvoreno-vladino-partnerstvo 

strategija-za-obr

strategija-prepriemachko

SDIS v2

mon_slika.jpg 

Informacii-od-javen-karakter-1

baner2 Foto novo 

MK-final-vertical-3-version-03.2017

NDC Skopje

horizon 2020 1 banner

Copy of NA Logo H MK 

centri za karierno 

PSO

Kampanja vlada

preliminarna-lista-1

ipa4

 

 

 

 

javen povik osnovno sredno

olimpijada-9

stipendii-stranstvo-mk-ang-baner

Untitled-Banner 1Banner tutori1

 

Banner Tracer MK

 logo-katalog

1000-knigi-novo

 

banner lab

obrazovanie na vozrasni

prezemi-upatstvo 

MCGO-baner

 

Sportska-akademija-logo

20 септември - Интернационален ден на универзитетскиот спорт


 

 

 

Адреса

Министерство за образование и наука

ул. Св. Кирил и Методиј бр. 54

1000 Скопје, Република Македонија

Copyright © 2016 mon.gov.mk. Сите права се заштитени.

Контакти

phone icon +389 2 3117 896

fax +389 2 3118 414

mail contact@mon.gov.mk

Поврзете се со нас

facebook-icon

Следете нè на Facebook