Министерството за образование и наука на Република Македонија во соработка со Министерството за одбрана на Република Македонија објавува јавен повик за учество на пет (5) ученици од јавни средни училишта од Република Македонија на летен воен камп за млади (во понатамошниот текст како камп), кој во периодот од 16-29 јули 2018 година ќе се одржи во Црна Гора. На кампот ќе учествуваат и 45 средношколци од Црна Гора за што Министерството за одбрана на Црна Гора веќе има објавено јавен повик. Целта на проектот е средношколците да ги тестираат своите вештини како војници, преку активности и дружење развиваат чувство за солидарност и пријателство, се стекнат со знаења за улогата и значењето на Армијата на Република Македонија и на Војската на Црна Гора во општеството и на тој начин се зајакне интересот за воената професија.

Програмата предвидува секојдневна обука во разни воени и други вештини: медицинска обука, натпреварување во топографија и ориентација, ракување со оружје и гаѓање, обука за работа со средства за комуникација, кампување (исхрана и преживување во природа, обука на брзи води и сплаварење - рафтинг, извидничка обука и ориентација во ноќни услови) и обука во качување со јаже. Покрај тоа, за учесниците во кампот се подготвени бројни спортско - рекреативни и културно -забавни активности.

ОПШТИ УСЛОВИ КОИ КАНДИДАТИТЕ ТРЕБА ДА ГИ ИСПОЛНУВААТ:
- да се државјани на Република Македонија;
- да се здравствено способни;
- да не се осудувани или против нив да се водат кривични постапки;


ПОСЕБНИ УСЛОВИ КОИ КОЕ КАНДИДАТИТЕ ТРЕБА ДА ГИ ИСПОЛНУВААТ:
- да се редовни ученици запишани во трета или четврта година од јавните средни училишта во Република Македонија;
- да постигнале најмалку општ многу добар успех во прва, втора и трета година на средното образование;
- да имаат примерно поведение;
- да има препораки од класниот раководител и директорот на средното училиште.

ДОКУМЕНТАЦИЈА КОЈА КАНДИДАТИТЕ ТРЕБА ДА ЈА ДОСТАВАТ:
- формулар за апликација;
- потврда за македонско државјанство;
- извод од матичната книга на родени;
- * кандидатите кои имаат лична карта не се должни да доставуваат потврда за државјанство и извод од матична книга на родени;
- потврда од надлежниот орган дека не се осудувани; или против нив да се водат кривични постапки
- копии од свидетелствата од сите години на средно образование;
- наод од матичниот лекар за отсуство на ментални, инфективни и хронични заболувања, не постар од еден месец;
- согласност на родител/старател, со копија од лична карта на родителот/ старателот;
- мотивациско писмо;
- препорака на од класниот раководител и директорот на училиштето;
- фотокопии од освоени награди.

НАЧИН ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ НА ЈАВНИОТ ПОВИК
Кандидатите кои аплицираат на јавниот повик, документи за аплицирање да ги испратат на адресата - Министерство за образование и наука, ул. „Св. Кирил и Методиј“ бр. 54, 1000 Скопје со наслов "За јавен повик за Летен воен камп за млади во Црна Гора".

ЗАБЕЛЕШКА:
Учеството во кампот е бесплатно и за време на траењето на кампот учесниците ќе бидат осигурени од несреќи /повреди (патничко осигурување).
За време на траењето на Летниот воен камп за млади, припадници на Војската на Црна Гора ќе се грижат за безбедноста на учесниците во кампот. Со учениците од Република Македонија ќе престојува и старешина од Армијата на Република Македонија кој ќе биде задолжен за редот, дисциплината и реализација на предвидената програма. Министерството за одбрана на Црна Гора, исто така, ќе обезбеди и неопходна медицинска помош во случај на потреба.
Младинскиот камп е организиран за четириесет и пет (45) ученици од Црна Гора и пет (5) ученици од Република Македонија.
Кампот ќе биде организиран во единиците на Војската на Црна Гора во Колашин и Плевља.
Изборот на кандидати ќе го спроведува Комисијата од Министерството за образование и наука на Република Македонија.

Некомплетните и ненавремените пријави, како и незаверени копии на документите кои се бараат, нема да се разгледуваат.

Потребната документација се доставува во рок од 15 дена од денот на објавувањето на овој повик, во писарницата на Министерство за образование и наука, ул. „Св. Кирил и Методиј“ бр.54 Скопје.

 

Формулар за пријавување

 

zamenik-mk 

Министер за образование и наука

misija i vizija

politika-za-kvalitet

sektori mon v2

organi mon v2

ucebnici-mon-gov-mk

cenovnik-za-oshteteni-uchebnici

otvoreno-vladino-partnerstvo

strategija-prepriemachko

SDIS v2

mon_slika.jpg 

Informacii-od-javen-karakter-1

baner2 Foto novo

мостови

NDC Skopje

horizon 2020 1 banner

Copy of NA Logo H MK 

centri za karierno 

PSO

Kampanja vlada

preliminarna-lista-1

ipa4

 

 

 

 

javen povik osnovno sredno

olimpijada-9

stipendii-stranstvo-mk-ang-baner

Banner tutori1

 

Banner Tracer MK

 logo-katalog

1000-knigi-novo

 

banner lab

obrazovanie na vozrasni

prezemi-upatstvo 

MCGO-baner

 Untitled-Banner 1

Sportska-akademija-logo

20 септември - Интернационален ден на универзитетскиот спорт


 

 

 

Адреса

Министерство за образование и наука

ул. Св. Кирил и Методиј бр. 54

1000 Скопје, Република Македонија

Copyright © 2016 mon.gov.mk. Сите права се заштитени.

Контакти

phone icon +389 2 3117 896

fax +389 2 3118 414

mail contact@mon.gov.mk

Поврзете се со нас

facebook-icon

Следете нè на Facebook