Овој објект е еден од 33-те кои се реконструирани целосно од буџетот на Министерството за образование и наука, кое изгради уште три нови објекти во Шуто Оризари и во Боговиње. Се надевам дека во септември, кога ќе заврши постапката за инвентар, ќе ги пуштиме во употреба и учениците таму ќе учат во нови простории.

 

Ќе продолжиме да инвестираме во реконструкции на училиштата според приоритетите и колку што дозволуваат буџетските можности. Приоритети ни се објектотот во село Рашче, од кој дел е изгорен и подготвуваме негова цела реконструкција, и во село Сливник, општина Велес, за кое, исто така подготвуваме проект и се надевам дека брзо ќе го реконструираме, изјави министерот за образование и наука Абдилаќим Адеми, на свеченоста по повод реконструкцијата на основното училиште „25 Мај“ во населбата Ченто, општина Гази Баба.

Заменик-министерот Спиро Ристовски, во чиј министерски мандат почна реконструкцијата на „25 Мај“ во обраќањето рече дека во изминатиот период се работело на подобрување на условите за настава во сите општини, како што рече, без разлика на етничката припадност на учениците и наставниците.

Училиштето е целосно реконструирано со 25 милиони денари, инвестиција на Министерството за образование и наука, како и со учество на општината и вклученост на родителите и месните заедници.

Променет е покривот, има нова фасада, прозорци и под, со што е направен енергетски ефикасен објект. По 1963 година, кога била изградена, ова е прва градежна интервенција на училишната зграда.

Одговарајќи на новинарско прашање за бојкотот на дел од учениците поради лошите услови за настава во некои општини во Република Македонија, министерот Адеми апелираше да се вратат во училиштата зашто, како што рече, условите не може да се создадат за ден или за месец.

ministerka-slika-mk

Министер за образование и наука

zamenik-mk

Заменик Министер за образование и наука 

 

misija i vizija

politika-za-kvalitet

sektori mon v2

organi mon v2

ucebnici-mon-gov-mk

cenovnik-za-oshteteni-uchebnici

otvoreno-vladino-partnerstvo

strategija-prepriemachko

SDIS v2

 

 

horizontal mk

 

NDC Skopje

horizon 2020 1 banner

Copy of NA Logo H MK 

centri za karierno 

PSO

Kampanja vlada

preliminarna-lista-1

ipa4

 

 

 

 

javen povik osnovno sredno

olimpijada-9

stipendii-stranstvo-mk-ang-baner

Banner tutori1

 

Banner Tracer MK

 logo-katalog

1000-knigi-novo

 

banner lab

obrazovanie na vozrasni

prezemi-upatstvo 

MCGO-baner

 Untitled-Banner 1

Sportska-akademija-logo

20 септември - Интернационален ден на универзитетскиот спорт


 

 

 

Адреса

Министерство за образование и наука

ул. Св. Кирил и Методиј бр. 54

1000 Скопје, Република Македонија

Copyright © 2016 mon.gov.mk. Сите права се заштитени.

Контакти

phone icon +389 2 3117 896

fax +389 2 3118 414

mail contact@mon.gov.mk

Поврзете се со нас

facebook-icon

Следете нè на Facebook