Врз основа на член 55 став 1 од Законот за организација и работа на органите на државната управа („Службен весник на Република Македонија“ бр.58/00, 44/02, 82/08, 167/10 и 51/11) и Националната стратегија за Роми во Република Македонија 2014 – 2020 година и Националниот акциски план за образование 2014 – 2020 година, Министерството за образование и наука, распишува

К О Н К У Р С
за привремено ангажирање на 20 oбразовни медијатори Роми во 16 општини во Република Македонија за учебната  2017/18 година

Како резултат на досегашните интервенции во основното образование на Министерството за образование и наука во соработка со Ромскиот Едукативен Фонд од Будимпешта и ромскиот граѓански сектор во Македонија, Министерството за учебната 2017/18 година привремено ќе ангажира 20 образовни медијатори Роми во 16 општини во Република Македонија. Преку мерката медијаторство во основното образование Министерството за образование и наука - Управата за развој и унапредување на на основното образование на припадниците на заедниците ќе придонесе кон унапредување на основното образование и ќе обезбеди дополнителна поддршка за учениците Роми во основните училишта.

I.    УСЛОВИ И КРИТЕРИУМИ ЗА ИЗБОР НА МЕДИЈАТОРИ     

1.    Услови за избор на медијатори

Право да аплицираат на Конкурсот за образовни медијатори имаат невработени лица од следните општини во Република Македонија: Шуто Оризари, Карпош, Ѓорче Петров, Чаир/Центар, Тетово, Гостивар, Кичево, Дебар, Битола, Прилеп, Куманово, Штип, Кочани, Виница, Делчево и Берово, кои ги исполнуваат следните конкурсни услови:

а) да се невработени;
б) да се државјани на Република Македонија;
в) Да се припадници на ромската етничка заедница.

Министерството за образование и наука за учебната 2017/18 година привремено ќе ангажира вкупно 20 образовни медијатори во 16 општини во Република Македонија и тоа: Шуто Оризари (4 медијатори), Карпош (1 медијатор), Ѓорче Петров (1 медијатор), Чаир/Центар (1 медијатор), Тетово (1 медијатор), Гостивар (1 медијатор), Кичево (1 медијатор), Дебар (1 медијатор), Битола (1 медијатор), Прилеп (2 медијатори), Куманово (1 медијатор), Штип (1 медијатор), Кочани (1 медијатор), Виница (1 медијатор), Делчево (1 медијатор) и Берово (1 медијатор).

2.    Критериуми за избор на медијатори

а) да има завршено најмалку четиригодишно средно образование;
б) да има развиени комуникациски и компјутерски вештини (Microsoft office);
в) да има искуство од работа на терен со ромската заедница, граѓанскиот сектор, локалното население, локалните институции и училиштата;
г) да биде препознатлив и да биде дел од заедницата во која ќе работи;
д) одлично познавање на македонскиот јазик;
ѓ) предност при селекција ќе имаат кандидатите:
   

 - кои имаат сертификат за посетени обуки за медијатори со сертификати за медијаторство (предност ќе имаат лицата кои имаат посетени обуки за образовни медијатори во рамките на проектот “Поддршка на интеграцијата на етничките заедници во образовниот систем“ имплементиран од страна на Министерството за образование и наука/Управата за развој и унапредување на образованието на припадниците на заедниците во соработка со Агенција за Европска интеграција и Европски Развој од Австрија и лицата кои посетиле обуки за медијатори во рамките на РОМЕД програмата од Совет на Европа);
      - кои говорат на јазикот на кој говори ромската заедница во општината за која се пријавува.

II.    УЛОГА, ЗАДАЧИ И ОДГОВОРНОСТИ НА РОМСКИОТ ОБРАЗОВЕН МЕДИЈАТОР

1.    Улога на ромскиот образовен медијатор
Улогата на образовниот медијатор е да помогне при вклучувањето на ромските деца во основното образование, да помогне при континуитетот и задржувањето на учениците Роми во образовниот процес и да ја олесни комуникацијата меѓу училиштето, родителите и заедницата за успешно да го завршат основното образование.

2.    Задачите и одговорностите на медијаторот ќе бидат:

а) да работи со учениците;
б) да работи со училиштето;
в) да работи со родителите и заедницата и да реализира редовни посети на терен;
г) да работи со локалната самоуправа, граѓанскиот сектор и други институции и организации.

III.    Место и рок за поднесување на документи

Кандидатите кои се пријавуваат согласно Конкурсот, потребно е до Министерството за образование и наука - Управа за развој и унапредување на образованието на јазиците на припадниците на заеднците, ул. Св.Кирил и Методиј бр. 54, 1000 Скопје, најдоцна до 08.05.2018 година да ги достават следните документи:

1.    Кратка биографија (CV);

2.    Писмо за мотивација (кандидатите на максимум две страници треба да ги образложат своите причини/мотиви за пријавување за ромски образовен медијатор);

3.    Диплома за највисок степен на завршено образование;

4.    Две препораки од ромски невладини организации за потврда на искуството за работа со ромската заедница со назначени телефони за контакт на лицата кои ја дале препораката;

5.    Друга документација која кандидатот смета дека ја поткрепува пријавата, а е во функција на потребните услови и критериуми.

IV.    Висината на хонорарот

За ангажманот на ромските образовни медијатори хонорарот месечно ќе изнесува 12,500 денари бруто за ангажман од седум месеци во текот на 2018 година.

Ненавремената и некомплетната документација нема да се разгледува и истата нема да влезе во конкуренција со останатите кои се пријавиле на конкурсот.

 

zamenik-mk 

Министер за образование и наука

zamenik-petar-mk

Заменик министер за образование и наука

misija i vizija

politika-za-kvalitet

sektori mon v2

organi mon v2

ucebnici-mon-gov-mk

cenovnik-za-oshteteni-uchebnici

otvoreno-vladino-partnerstvo 

strategija-za-obr

strategija-prepriemachko

SDIS v2

mon_slika.jpg 

Informacii-od-javen-karakter-1

baner2 Foto novo

мостови

NDC Skopje

horizon 2020 1 banner

Copy of NA Logo H MK 

centri za karierno 

PSO

Kampanja vlada

preliminarna-lista-1

ipa4

 

 

 

 

javen povik osnovno sredno

olimpijada-9

stipendii-stranstvo-mk-ang-baner

Untitled-Banner 1Banner tutori1

 

Banner Tracer MK

 logo-katalog

1000-knigi-novo

 

banner lab

obrazovanie na vozrasni

prezemi-upatstvo 

MCGO-baner

 

Sportska-akademija-logo

20 септември - Интернационален ден на универзитетскиот спорт


 

 

 

Адреса

Министерство за образование и наука

ул. Св. Кирил и Методиј бр. 54

1000 Скопје, Република Македонија

Copyright © 2016 mon.gov.mk. Сите права се заштитени.

Контакти

phone icon +389 2 3117 896

fax +389 2 3118 414

mail contact@mon.gov.mk

Поврзете се со нас

facebook-icon

Следете нè на Facebook