Министерката за образование и наука д-р Рената Дескоска, заедно со заменик министерот Арбер Адеми, денеска ги посетија ОУ „Наум Наумовски – Борче“ и ООУ „25 Мај“ во општина Гази Баба, кои се дел од проектот проектот за изградба и опремување на училишни спортски сали и рехабилитација на средни и основни училишта, чија основна цел е да го унапреди образовниот процес.

Подобрувањето на квалитетот на наставата и условите за учење, образовната инфраструктура се наш приоритет. Финансиските средства за реализација на овој проект се обезбедени од Буџетот на Република Македонија, но и со помош на Банката за развој при Советот на Европа, како и со Европскиот заеднички Фонд за Западен Балкан. Партнерски успеавме да реализираме многу проекти за  реконструкција, рехабилитација и изградба на спортски сали и училишта, истакна министерката Дескоска.

IMG 0869

Според Дескоска, инвестирањето во подобрување на условите во образованието, добрите училници, лаборатории, простор за рекреација и интеракција со другите ученици, директно влијае на подобрувањето на постигнувањата на учениците.

- Тие треба да бидат простории во кои учениците ќе можат да се развиваат, во кои ќе сакаат да го минуваат своето време, простор во кој наставниците ќе се чувствуваат почитувано и пријатно на своето работно место. Добрите училници ќе бидат и мотивација за поголем ангажман и на наставниците и на учениците во зголемување на квалитетот на наставниот процес и подобрување на резултатите од учењето кај учениците, додаде Дескоска, напоменувајќи дека вложувањето во образовната и технолошката инфраструктура ги подобрува условите во училиштата, ја зголемува заштедата на енергија за затоплување, ги намалува трошоците за одржување на училиштата.

IMG 0891

- Од моето доаѓање на функција почната е изградба на четири нови спортски сали, а во мај ќе воведеме во работа уште една нова. Опремивме со столчиња и клупи 15 училишта, а во тек е набавка на интерактивни табли за 16 училишта. Наскоро ќе почнеме и со реконструкција на нови 13 училишта, потенцираше министерката за образование и наука.

Ги повикувам, рече Дескоска, и градоначалниците да ги насочат своите приоритети кон вложување во образовниот процес, затоа што тоа се проекти кои граѓаните во нивните општини вистински ќе ги ценат и почитуваат, проекти од долгорочна значајност за развојот на локалните заедници.
- Вложувањето во образованието е најголемата инвестиција што заедно можеме да ја направиме за оваа земја која се стреми кон европскиот образовен простор, рече министерката.

 

zamenik-mk 

Министер за образование и наука

zamenik-petar-mk

Заменик министер за образование и наука

misija i vizija

politika-za-kvalitet

sektori mon v2

organi mon v2

ucebnici-mon-gov-mk

cenovnik-za-oshteteni-uchebnici

otvoreno-vladino-partnerstvo 

strategija-za-obr

strategija-prepriemachko

SDIS v2

mon_slika.jpg 

Informacii-od-javen-karakter-1

baner2 Foto novo

мостови

NDC Skopje

horizon 2020 1 banner

Copy of NA Logo H MK 

centri za karierno 

PSO

Kampanja vlada

preliminarna-lista-1

ipa4

 

 

 

 

javen povik osnovno sredno

olimpijada-9

stipendii-stranstvo-mk-ang-baner

Untitled-Banner 1Banner tutori1

 

Banner Tracer MK

 logo-katalog

1000-knigi-novo

 

banner lab

obrazovanie na vozrasni

prezemi-upatstvo 

MCGO-baner

 

Sportska-akademija-logo

20 септември - Интернационален ден на универзитетскиот спорт


 

 

 

Адреса

Министерство за образование и наука

ул. Св. Кирил и Методиј бр. 54

1000 Скопје, Република Македонија

Copyright © 2016 mon.gov.mk. Сите права се заштитени.

Контакти

phone icon +389 2 3117 896

fax +389 2 3118 414

mail contact@mon.gov.mk

Поврзете се со нас

facebook-icon

Следете нè на Facebook