Спортската академија започнува потрага по спортски таленти во Република Македонија, кои што ќе бидат дел од ДСУ „Спортска академија“ во паралелки за фудбал, ракомет, кошарка и тенис за учебната 2018/2019 година, кои освен во Скопје, предвидени се и како истурени паралелки во следните општини:
 
- СОУ „Кузман Шапкарев” – Битола, фудбал;
- СОУ „Перо Наков“ – Куманово, кошарка;
- ОУТУ „Ванчо Питошевски“ – Охрид, фудбал;
- СОУ Гимназија „Мирче Ацев“ – Прилеп, фудбал;
- СОУ „Никола Карев” – Струмица, фудбал;
- СОСУ„Моша Пијаде“ – Тетово, фудбал;
- СОУ „Коле Нехтенин” – Штип, фудбал.

Целта на Спортската академија е учениците, спортски таленти да се оспособат да постигнуваат врвни спортски резултати и да се подготвуваат од рана возраст да станат членови на националните спортски селекции за фудбал, ракомет, кошарка и тенис.

Учениците ќе бидат подложени на посебна, специјално за оваа намена, креирана програма за образование и тренинг. За работа со учениците ќе бидат ангажирани стручни тимови составени од тренер и негов заменик и физиотерапевт. Кандидатите за упис во прва година, во средно училиште ќе бидат селектирани од стручна комисија.

Селекцијата ќе се врши по региони низ цела територија на Република Македонија и ќе се одвива во фази:
- Скаутирање од стручни лица
- Селекција од стручен тим
- Тестирање на психофизичките способности од страна на стручна комисија

На учениците кои ќе бидат примени, а кои не се од регионот каде што ќе ја посетуваат наставата, ќе им биде обезбедено сместување и храна, а превоз до училиштето и до спортските терени ќе биде обезбеден за сите ученици, во согласност со закон.

Листата на локации и датуми на кои ќе се врши првичната селекција како и листата на одговорни контакт лица за секој спорт од конкретната Спортска федерација е следната:
 
За спортските паралелки по фудбал
(Фудбалска федерација на Македонија)

Тетово (други општини кои ги опфаќа ова селектирање: Гостивар, Куманово, Дебар и Кичево)
Датум:24.04.2018г,
Место: терен на општина Тетово, со вештачка трева                                                 Почеток:10.00ч                                                                                                                
Собир и евидентирање: 09.30 ч, пријавување најдоцна до 20.04.2018 г. кај регионалниот координатор Насуф Латифи 070/502-151 и Борче Мирчевски 075/334-224

Охрид (други општини кои ги опфаќа ова селектирање: Струга и Дебар)         
Датум: 25.04.2018г
Место: терен на Општина Охрид со вештачка трева Билјанини Извори,      
Почеток: 11:00 ч,
Собир и евидентирање: 10.00 ч, пријавување најдоцна до 23.04.2018г. кај регионалниот координатор Гоце Толески 078/208-604

Битола  (други општини кои ги опфаќа ова селектирање: Демир Хисар и Ресен)
Датум: 26.04.2018 г
Место: терен на Општина Битола со вештачка трева,
Почеток:12:00 ч,
Собир и евидентирање: 11.00 ч, пријавување најдоцна до 23.04.2018г. кај регионалниот координатор Лазo Гаштаров 076/282-070

Струмица (други општини кои ги опфаќа ова селектирање: Гевгелија, Валандово, Радовиш, Дојран, Берово, Пехчево, Миравци и Демир Капија)        Датум:07.05.2018г
Место: Тренинг Центар на ФФМ - терен со вештачка трева
Почеток: 11:00ч,
Собир и евидентирање: 10.00 ч, пријавување најдоцна до 04.05.2018г. кај регионалниот координатор Васко Георгиев 075/259-453

Прилеп  (други општини кои ги опфаќа ова селектирање: Крушево, Македонски Брод, Кавадарци и Неготино)
Датум: 08.05.2018г
Место: терен на Општина Прилеп со вештачка трева
Почеток: 11:00 ч,
Собир и евидентирање: 10.00 ч, пријавување најдоцна до 04.05.2018г. кај регионалниот координатор Тони Наумоски 078/308-575

Штип (други општини кои ги опфаќа ова селектирање: Кочани, Виница, Свети Николе, Пробиштип, Делчево, Кратово, Крива Паланка и Македонска Каменица)
Датум:09.05.2018г,
Место:терен на Општина Штип, со вештачка трева
Почеток: 11:00ч,
Собир и евидентирање: 10.00 ч, пријавување најдоцна до 04.05.2018г. кај регионалниот координатор Димитар Маџунаров 078/476-715

Скопје (други општини кои ги опфаќа ова селектирање: Куманово)
Датум: 10.05.2018г
Место: Тренинг Центар на ФФМ - терени со вештачка трева
Почеток: 10:00 ч,
Собир и евидентирање: 09.00 ч, пријавување најдоцна до 05.05.2018г. кај регионалниот координатор Марјан Јовановски 078/748-915

За сите кандидати кои ќе ја поминат првата селекција, втор круг на селекции ќе се организира во деновите 22, 23 и 24 мај 2018г на Тренинг Центарот на ФФМ, за истото дополнително ќе бидат објавени распореди за селекција преку регионалните координатори.

*Сите заинтересирани кандидати треба да приложат потврда за извршен лекарски преглед од овластена установа за спортска медицина или да приложат индивидуална лиценца за регистрација за клуб во МФФ за сезона 2017/2018

За спортските паралелки по ракомет
(Ракометна федерација на Македонија)

Охрид
Датум: 23.04.2018г
Место:спортска сала при ООУ „Григор Прличев“ – Охрид
Почеток: 11:00 ч                                                                                                                   

Прилеп
Датум: 25.04.2017г
Место: спортска сала Арена Сонце (Тутунски комбинат)
Почеток: 09:00 ч                                                                                                                   

Велес
Датум: 27.04.2018г
Место: спортска сала Гемиџии – Велес
Почеток: 08:00 ч

Скопје
Датум: 04.05.2018г
Место: Спортска сала при Факултет за физичко образование, спорт и здравје
Почеток: 08:00 ч
Контакт за дополнителни информации: Милева Велкова 077/932-747

Кандидатите се пријавуваат на самото место на селекција непосредно пред почетокот на селекцијата.

*Сите заинтересирани кандидати треба да приложат потврда за извршен лекарски преглед од овластена установа за спортска медицина или да приложат индивидуална лиценца за регистрација за клуб во МРФ за сезона 2017/2018.


За спортските паралелки за кошарка
(Македонска кошаркарска федерација)
Охрид:
Датум: 03.05.2018г
Место: спортска сала “Билјанини извори”
Почеток: 11:00 ч

Кочани:
Датум: 04.05.2018г
Место: спортска сала  ОУ „Кирил и Методиј“
Почеток: 11:00 ч

Куманово:
Датум: 10.05.2018г
Место: спортска сала  СОУ „Перо Наков“
Почеток: 10:00 ч                                                                                                  

Скопје
Датум: 11.05.2018г
Место: спортска сала “Кале” (мала сала)
Почеток: 10:00 ч,                                                                                                         

Контакт за дополнителни информации:

Е-маил : Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. и  Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

*Сите заинтересирани кандидати треба да приложат потврда за извршен лекарски преглед од овластена установа за спортска медицина или да приложат индивидуална лиценца за регистрација за клуб во МКФ за сезона 2017/2018.


За сите спортови, контакт лица од Министерството за образование и наука се:
-Дана Бишкоска 075/346-973
-Нуран Кадриу Џамбази 076/445-059
-Пенка Мантова Здравковска 076/485-054

Секој кандидат е должен да пристигне и да го потврди своето присуство на местото каде што ќе се одвива селекцијата најмалку 30 мин пред почетокот на истата.

Сите кандидати/ученици, за сите спортови, кои ќе ја поминат првата фаза на селекција ќе бидат информирани за терминот за следната фаза на селекција.

 

zamenik-mk 

Министер за образование и наука

zamenik-petar-mk

Заменик министер за образование и наука

misija i vizija

politika-za-kvalitet

sektori mon v2

organi mon v2

ucebnici-mon-gov-mk

cenovnik-za-oshteteni-uchebnici

otvoreno-vladino-partnerstvo 

strategija-za-obr

strategija-prepriemachko

SDIS v2

mon_slika.jpg 

Informacii-od-javen-karakter-1

baner2 Foto novo

мостови

NDC Skopje

horizon 2020 1 banner

Copy of NA Logo H MK 

centri za karierno 

PSO

Kampanja vlada

preliminarna-lista-1

ipa4

 

 

 

 

javen povik osnovno sredno

olimpijada-9

stipendii-stranstvo-mk-ang-baner

Untitled-Banner 1Banner tutori1

 

Banner Tracer MK

 logo-katalog

1000-knigi-novo

 

banner lab

obrazovanie na vozrasni

prezemi-upatstvo 

MCGO-baner

 

Sportska-akademija-logo

20 септември - Интернационален ден на универзитетскиот спорт


 

 

 

Адреса

Министерство за образование и наука

ул. Св. Кирил и Методиј бр. 54

1000 Скопје, Република Македонија

Copyright © 2016 mon.gov.mk. Сите права се заштитени.

Контакти

phone icon +389 2 3117 896

fax +389 2 3118 414

mail contact@mon.gov.mk

Поврзете се со нас

facebook-icon

Следете нè на Facebook