Една од најважните компоненти на проектот за техничка помош во областа на образованието во Република Македонија - Донација од Владата на Народна Република Кина, односно срцето на целиот систем е интегрираниот податочен центар инсталиран на Факултетот за информатика и компјутерско инженерство (ФИНКИ) при Универзитетот Св. Кирил и Методиј (УКИМ). Станува збор за најмодерен технолошки пристап, односно самостоен податочен центар кој овозможува инфраструктура во облак (Cloud data center).
IMG 0619
Тој претставува комлетна и независна околина која обезбедува услови за сместување на сите ИТ системи потребни за функционирањето на концептот на ИТ ресурси во облак. Овој нов концепт е темел на сите ИТ проекти на Министерството за образование и наука (МОН) и Универзитетот и ја подигнува ИТ инфраструктурата на највисоко ниво на безбедност и достапност. На долг рок, овозможува непречена имплементација на сите замислени проекти во образованието кои побаруваат обемни серверски и податочно-складирачки ресурси.

IMG 0626

Успешната имплементација на овој важен инфраструктурен ресурс за Министерството е обезбедена преку соработка на техничко, стручно и научно ниво помеѓу МОН и ФИНКИ како високообразовна институција со најголемо искуство во областа на ИТ. Целта на соработката е правилното и оптимално искористување на напредните ИТ ресурси кои податочниот центар може да ги понуди. Активното учество на експерти од Факултетот во целокупниот процес на планирање, имплементација и понатамошно континуирано користење дополнително ја зголемува вредноста на оваа ИТ инфраструктура. Присуството на ваков модерен и моќен систем на универзитетскиот кампус отвора можност за негова употреба во образованието на идните ИТ инженери и континуираното усовршување на ИТ експертите во земјата.

ministerka-slika-mk-2

Министер за образование и наука

zamenik-mk 

Заменик министер за образование и наука 

misija i vizija

politika-za-kvalitet

sektori mon v2

organi mon v2

ucebnici-mon-gov-mk

cenovnik-za-oshteteni-uchebnici

otvoreno-vladino-partnerstvo

strategija-prepriemachko

SDIS v2

 

mon_slika.jpg

мостови

NDC Skopje

horizon 2020 1 banner

Copy of NA Logo H MK 

centri za karierno 

PSO

Kampanja vlada

preliminarna-lista-1

ipa4

 

 

 

 

javen povik osnovno sredno

olimpijada-9

stipendii-stranstvo-mk-ang-baner

Banner tutori1

 

Banner Tracer MK

 logo-katalog

1000-knigi-novo

 

banner lab

obrazovanie na vozrasni

prezemi-upatstvo 

MCGO-baner

 Untitled-Banner 1

Sportska-akademija-logo

20 септември - Интернационален ден на универзитетскиот спорт


 

 

 

Адреса

Министерство за образование и наука

ул. Св. Кирил и Методиј бр. 54

1000 Скопје, Република Македонија

Copyright © 2016 mon.gov.mk. Сите права се заштитени.

Контакти

phone icon +389 2 3117 896

fax +389 2 3118 414

mail contact@mon.gov.mk

Поврзете се со нас

facebook-icon

Следете нè на Facebook