Врз основа на член 48 став 4 од Закон за административни службеници („Службен весник на Република Македонија” бр. 27/14, 199/14, 48/15, 154/15, 5/16, 142/16 и 11/18), како и Правилникот за систематизација на работните места во Министерството за образование и наука со бр. 04-2497/1 од 23.02.2018 година, бр. 04-2694/1 од 28.02.2018 година и бр. 04-2694/4 од 26.03.2018 година, Министерството за образование и наука објавува:

ИНТЕРЕН ОГЛАС БРОЈ 02/2018
за унапредување на административен службеник
во Министерството за образование и наука

Министерството за образование и наука објавува Интерен оглас за унапредување на 1 (еден) административен службеник за следното работно место:

1.    УПР0101Б04000 Раководител на одделение за меѓународна соработка во образованието и науката, Одделение за меѓународна соработка во образованието и науката , Сектор за меѓународна соработка -1 извршител

Посебни услови:
-    ниво на квалификациите VI А според Македонската рамка на квалификации и најмалку 240 кредити стекнати според ЕКТС или завршен VII/1 степен градежништво и водостопанство, наука за јазикот (лингвистика) или правни науки
-    работно искуство, и тоа:
-    најмалку четири години работно искуство во струката од кои најмалку една година на работно место во јавен сектор, односно најмалку шест години работно искуство во струката од кои најмалку две години на раководно работно место во приватен сектор,

Посебни работни компетенции:
-    активно познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската Унија  (англиски, француски, германски),
-    активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење и
-    положен испит за административно управување

Распоред на работното време:                                                                                        

Дневното и неделното работно време е од 7:30/8:30 часот до 15:30/16:30 часот, од понеделник до петок

Платата за работното место е во паричен нето износ од 28.303,00 денари.

Кандидатите кои аплицираат на интерниот оглас  треба да ги исполнуваат следните

Општи услови:  
-    да е државјанин на Република Македонија;
-    активно да го користи македонскиот јазик;
-    да е полнолетен;
-    да има општа здрваствена способност за работното место и
-    со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана на вршење професија, дејност или должност

На интерниот оглас може да се јави административен службеник вработен во Министерството за образование и наука, кој ги исполнува општите и посебните услови за пополнување на работно место пропишани за соодветното ниво со Законот за административни службеници и Правилникот за систематизација на работните места во Министерството за образование и наука, при ова административниот службеник треба да ги исполнува и следните услови:

-    да е оценет со оцена „А“ или „Б“ при последното оценување,
-    да е на работно место на непосредно пониско ниво или да е на работно место во рамки на истата категорија во која е работното место за кое е објавен интерниот оглас,
-    да поминал најмалку две години на тековното работно место и
-    да не му е изречена дисциплинска мерка во последната година пред објавувањето на интерниот оглас.

Заинтересираниот административен службеник, поднесува пополнета пријава  и докази за податоците содржани во пријавата преку архивата на Министерството за образование и наука до Одделението за управување со човечки ресурси и до службената електронска адреса на Одделението за управување со човечки ресурси Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите..

Кандидатите кон пријавата покрај доказите за исполнување на општите и посебните услови, можат да ги приложат и следните докази
-    потвдри за успешно реализирани обуки и/или
-    потврди за успешно реализирано менторство

Рокот за поднесување на пријавата со доказите трае 5 (пет) дена од денот на објавување на web страната на Министерството за образование и наука.

Во пријавата кандидатите се должни под материјална и кривична одговорност да потврдат дека податоците во пријавата се точни а доставените докази верни на оригиналот.

НАПОМЕНА: Кандидатот кој ќе внесе лажни податоци во пријавата или се утврди дека внел лажни податоци, ќе биде дисквалификуван од натамошна постапка по овој оглас.

 

zamenik-mk 

Министер за образование и наука

misija i vizija

politika-za-kvalitet

sektori mon v2

organi mon v2

ucebnici-mon-gov-mk

cenovnik-za-oshteteni-uchebnici

otvoreno-vladino-partnerstvo

strategija-prepriemachko

SDIS v2

mon_slika.jpg 

baner2 Foto novo

мостови

NDC Skopje

horizon 2020 1 banner

Copy of NA Logo H MK 

centri za karierno 

PSO

Kampanja vlada

preliminarna-lista-1

ipa4

 

 

 

 

javen povik osnovno sredno

olimpijada-9

stipendii-stranstvo-mk-ang-baner

Banner tutori1

 

Banner Tracer MK

 logo-katalog

1000-knigi-novo

 

banner lab

obrazovanie na vozrasni

prezemi-upatstvo 

MCGO-baner

 Untitled-Banner 1

Sportska-akademija-logo

20 септември - Интернационален ден на универзитетскиот спорт


 

 

 

Адреса

Министерство за образование и наука

ул. Св. Кирил и Методиј бр. 54

1000 Скопје, Република Македонија

Copyright © 2016 mon.gov.mk. Сите права се заштитени.

Контакти

phone icon +389 2 3117 896

fax +389 2 3118 414

mail contact@mon.gov.mk

Поврзете се со нас

facebook-icon

Следете нè на Facebook