За околу 280.000 ученици од кои 20.000 првачиња, денеска започна новата учебна година. Многу успех во учењето на сите ученици им посака министерот за образование и наука м-р Абдилаќим Адеми. Адеми денеска со заменик министерот за образование и наука Спиро Ристовски, го посетија основното училиште „Мирче Ацев“ во општина Ѓорче Петров, каде ги промовираа новите учебници  по математика и природни науки изработени врз основа на наставните програми на Меѓународниот центар за наставни програми – Кембриџ, адаптирани на македонските национални особености. 

 

Министерот истакна дека по оваа програма ќе учат учениците од прво, второ и трето одделение, но дека  во следниот период ќе се прилагодат наставните програми и за сите класови од основното образование.

„Ова е најголема новост за оваа учебна година, затоа што Македонија првпат ги има овие програми и е единствената земја во регионот што ги воведува во образовниот систем. Учебниците се квалитетни и прилагодени за нашите прилики и за возраста на учениците. Оваа година учениците од прво до трето ги имаат предметите математика и природни науки. Следната година ќе продолжиме со четврто, петто и шесто одделение. Проектот ќе биде заокружен кога тие ќе бидат воведени до деветто одделение“, рече Адеми.

Првиот училишен ден, Министерот Абдилаќим Адеми го одбележа со посета на учениците и наставници во основното училиште „Бајрам Шабани“ во Свиларе, општина Сарај, за кои учебната година ќе започне во реновирани простории. Во оваа прилика Адеми му се заблагодари на сопственикот на компанијата за донацијата во износ од 6 милиони денари, кои средства беа употребени за реконструкција на училиштето. На свечениот настан министерот истакна „Задоволен сум од подготвителните активности кои предвидоа реконструкција на 33 основни и средни училишта, изградба на две целосно нови училишта, како и изградба на 6 монтажни училишта во рурални средини. Голем дел од активностите се веќе реализирани, а целосно заокружување на акцискиот план очекуваме некаде до крајот на месец септември“.

На првиот училиштен ден беше пуштен во употреба и целосно нов и современ објект на основното училиште „Рајко Жинзифов“ во населбата Драчево, општина Кисела Вода. Со донацијата во износ на од 4 милиони евра, обезбедена согласно Договорот за соработка помеѓу Владата на Народна Република Кина и Владата на Република Македонија, беше изграден училиштен објект со приземје и два ката, со вкупна површина од 4500 м2, двор од 6.000м2, игралиште за одбојка и кошарка, фудбалско игралиште и атлетска патека, со што ова училиште стана „симбол на македонско - кинеското пријателство“.

Честитајќи им го почетокот на новата учебна година на сите ученици и наставници, министерот Адеми истакна дека еден од приоритетите на Владата на Република Македонија и оваа учебна година остануваат инвестициите во образованието.

 

zamenik-mk 

Министер за образование и наука

zamenik-petar-mk

Заменик министер за образование и наука

misija i vizija

politika-za-kvalitet

sektori mon v2

organi mon v2

ucebnici-mon-gov-mk

cenovnik-za-oshteteni-uchebnici

otvoreno-vladino-partnerstvo 

strategija-za-obr

strategija-prepriemachko

SDIS v2

mon_slika.jpg 

Informacii-od-javen-karakter-1

baner2 Foto novo 

MK-final-vertical-3-version-03.2017

NDC Skopje

horizon 2020 1 banner

Copy of NA Logo H MK 

centri za karierno 

PSO

Kampanja vlada

preliminarna-lista-1

ipa4

 

 

 

 

javen povik osnovno sredno

olimpijada-9

stipendii-stranstvo-mk-ang-baner

Untitled-Banner 1Banner tutori1

 

Banner Tracer MK

 logo-katalog

1000-knigi-novo

 

banner lab

obrazovanie na vozrasni

prezemi-upatstvo 

MCGO-baner

 

Sportska-akademija-logo

20 септември - Интернационален ден на универзитетскиот спорт


 

 

 

Адреса

Министерство за образование и наука

ул. Св. Кирил и Методиј бр. 54

1000 Скопје, Република Северна Македонија

Copyright © 2016 mon.gov.mk. Сите права се заштитени.

Контакти

phone icon +389 2 3117 896

fax +389 2 3118 414

mail contact@mon.gov.mk

Поврзете се со нас

facebook-icon

Следете нè на Facebook