Министерката за образование и наука д-р Рената Дескоска денеска присуствуваше на свечена академија по повод патрониот празник на Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип.

- Ми претставува задоволство, денес заедно со Вас заеднички да го одбележиме патрониот празик на Универзитетот „Гоце Делчев“, кој како еден од најмладите државни универзитети, е доказ како треба да се развива една институција во областа на високото образование. Вашиот универзитет е пример дека само со вредно работење и посветеност може брзо да се напредува кон зацртаните цели, рече Дескоска во своето обраќање пред присутните.

Она што е особено знајачно, истакна министерката, е тоа што само по неколку години постоење и функционирање на последните две рангирања на македонските државни и приватни високообразовани институции, Универзитетот „Гоце Делчев“ се искачи на второто место, напоменувајќи дека доказ за вистинскиот пат на универзитетот е и воспоставената соработка со преку шеесет универзитети и факултети од светот и Европа, како и успешната соработка преку Еразмус + програмата со над петстотини факултети.

- Како професор и министер за образование и наука, цврсто верувам, се борам и ќе се борам за автономијата на универзитетот и слободата на академската мисла. Факултетот не е само место каде што професорите го оценуваат знаењето на студентите, туку тоа е моесто каде што се креираат политиките на една земја, каде што се нудат можни решенија за одредни проблеми со кои се соочува општеството и светот околу нас, потенцираше Дескоска.

Во процесот на создавање на новиот Закон за високото образование, истакна Дескоска, покажавме како треба да изгледа еден процес на креирање на политики, напоменувајќи дека Законот беше пишуван во еден инклузивен процес во кој имаа можност да учествуваат сите универзитети, сите професори, студентите и граѓаните кои сакаа да дадат предлози за одредени решенија.

IMG 9969

- Враќањето на автономијата на универзитетот, деконцентрацијата на моќта, создавањето на услови за демократски амбиент во и околу универзитетите заради гарантирање на академска слобода на мисла, изразување и творештво и создавање на предуслови за квалитетно високо образование ни беше мисла водилка во креирањето на законските решенија. Законот  е во собраниска процедура и се надевам дека ќе биде донесен во најкус можен рок. Тоа Ви го должиме Вам, но тоа им го должиме пред се и на нашите студенти кои го осветлија патот на борбата за автономија и демократија, рече Дескоска.  

Обраќајќи им се на студентите, министерката Дескоска, напомена дека тие се и треба да останат прогресивната сила во нашата земја и дека тие треба да ги шират идеите за напредокот, идеите на 21 век, идеите за толеранцијата и соживотот.

IMG 9927

– Вие сте оние кои треба да влијаете и да се борите ова општество да се деконтаминира од поделби и од омраза по етничка, политичка, верска и друга основа, поделби од 19 век кои за жал и во 21 век се уште постојат во Република Македонија. Борете се за европска Македонија, за Македонија во која младите ќе имаат иднина, додаде Дескоска.

ministerka-slika-mk-2

Министер за образование и наука

zamenik-mk 

Заменик министер за образование и наука 

misija i vizija

politika-za-kvalitet

sektori mon v2

organi mon v2

ucebnici-mon-gov-mk

cenovnik-za-oshteteni-uchebnici

otvoreno-vladino-partnerstvo

strategija-prepriemachko

SDIS v2

 

mon_slika.jpg

мостови

NDC Skopje

horizon 2020 1 banner

Copy of NA Logo H MK 

centri za karierno 

PSO

Kampanja vlada

preliminarna-lista-1

ipa4

 

 

 

 

javen povik osnovno sredno

olimpijada-9

stipendii-stranstvo-mk-ang-baner

Banner tutori1

 

Banner Tracer MK

 logo-katalog

1000-knigi-novo

 

banner lab

obrazovanie na vozrasni

prezemi-upatstvo 

MCGO-baner

 Untitled-Banner 1

Sportska-akademija-logo

20 септември - Интернационален ден на универзитетскиот спорт


 

 

 

Адреса

Министерство за образование и наука

ул. Св. Кирил и Методиј бр. 54

1000 Скопје, Република Македонија

Copyright © 2016 mon.gov.mk. Сите права се заштитени.

Контакти

phone icon +389 2 3117 896

fax +389 2 3118 414

mail contact@mon.gov.mk

Поврзете се со нас

facebook-icon

Следете нè на Facebook