Министерот за образование и наука на Република Македонија, Абдилаќим Адeми денеска во Приштина присуствуваше на оторањето на IX-та меѓународна научна годишна средба, организирана од Институтот "ALB-Shkenca", на тема: Наука, важен фактор за одржлив социо-економски развој.

 

Во своето обраќање пред присутните Адеми истакна дека  процесот на глобализација сé повеќе ги притиска општествата да инвестираат во науката и истражувањето, бидејќи, како што рече, само преку знаењето и иновациите може да се постигне економски напредок и соодветна општествена организација.

“Во Република Македонија научно-истражувачките активности се состојат од мрежа на истражувачки научни институции, 5 државни универзитети, 7 јавни институции за истражување, 18 приватни универзитети и 10 приватни институти. Дел од институтите и центрите веќе постигнаа углед во меѓународната конкуренција, додека некои научни центри со брзи чекори се движат кон постигнување на меѓународните стандарди и критериуми“ рече Адеми.

Говорејќи за стратегијата и програмата на Владата и Министерството за образование и наука на Република Македонија, потенцираше дека приоритет е создавањето на можности и ангажирање на научните истражувачи во рамки на зголемувањето на ефективната соработка на образовните и научните институции со меѓународните организации кои финансираат програми од областа на науката.

“Во последната деценија, Република Македонија има одлично искуство во меѓународната научна соработка, особено со земјите од Европа. Меѓународната соработка се спроведува преку Хоризонт 2020, КОСТ, ЕУРЕКА, УНЕСКО, ИАЕА, ЛСA. Треба посебно да се истакне учеството на истражувачите во Програмата -Рамка 7. Нашите истражувачи учествуваат во 82 проекти со буџет кој изнесува 7,6 милиони евра“, додаде Адеми, потврдувајќи дека и во иднина Министерството за образование и наука ќе ја поддржува секоја иницијатива која промовира интернационализација во истражувањето, размена на студенти, млади истражувачи и научни работници.

Адеми се осврна и на неколку капитални проекти во областа на високото образование и науката коишто ги спроведува Владата на Република Македонија, како набавката на лаборатории за високо образовните и јавните научни установи во земјата и преводот на “1000 книги“, стручна и научна литературата од која се учи на најдобро рангираните светски универзитети.

На оваа дводневна меѓународна научна средба, искуствата на своите земји ги споделија и ресорните министри на Република Косово и Република Албанија, Рам Буја и Линдита Никола, со кои е договорено во следниот период да бидат потпишани договори за соработка во областа на образованието и науката.

ministerka-slika-mk

Министер за образование и наука

zamenik-mk

Заменик Министер за образование и наука 

 

misija i vizija

politika-za-kvalitet

sektori mon v2

organi mon v2

ucebnici-mon-gov-mk

cenovnik-za-oshteteni-uchebnici

otvoreno-vladino-partnerstvo

strategija-prepriemachko

SDIS v2

 

 

horizontal mk

 

NDC Skopje

horizon 2020 1 banner

Copy of NA Logo H MK 

centri za karierno 

PSO

Kampanja vlada

preliminarna-lista-1

ipa4

 

 

 

 

javen povik osnovno sredno

olimpijada-9

stipendii-stranstvo-mk-ang-baner

Banner tutori1

 

Banner Tracer MK

 logo-katalog

1000-knigi-novo

 

banner lab

obrazovanie na vozrasni

prezemi-upatstvo 

MCGO-baner

 Untitled-Banner 1

Sportska-akademija-logo

20 септември - Интернационален ден на универзитетскиот спорт


 

 

 

Адреса

Министерство за образование и наука

ул. Св. Кирил и Методиј бр. 54

1000 Скопје, Република Македонија

Copyright © 2016 mon.gov.mk. Сите права се заштитени.

Контакти

phone icon +389 2 3117 896

fax +389 2 3118 414

mail contact@mon.gov.mk

Поврзете се со нас

facebook-icon

Следете нè на Facebook