Министерката за образование и наука на Република Македонија Рената Дескоска и министерот за цивилни работи на Босна и Херцеговина Адил Османовиќ, денеска во Скопје потпишаа Протоколот за соработка во областа на образованието.

Со склучувањето на Протоколот за соработка во областа на образованието, ќе се овозможи натамошен развој и продлабочување на постоечката билатерална соработка меѓу двете земји.  

39870594915 f10bbebf05 k

За таа намена се предвидуваат следниве форми на соработка:

• На учениците ќе им се овозможи правото да запишуваат основно, средно и високо образование под истите услови кои важат за државјаните на двете земји. 

• Постигната е согласност и во поглед на плаќањето на школарини за високо образование односно да се применуваат еднакви критериуми кои важат за  домашните  студенти. Во поглед на студирањето, како и во поглед на уредување на други прашања во високото образование, договорено е да се применуваат начелата на универзитетската автономија.

• Во рамки на овој Протокол, предвидена е и потребната заемна  помош и поддршка кон воведување на заеднички последипломски студии меѓу заинтересираните високообразовни установи кои се од заемен интерес, а во согласност со внатрешно законодавство на двете земји.

• Договорено е и зајакнување на  заемната соработка во областа на образованието, особено размената на искуства во реформите на воспитно-образовниот систем, како дел на процесот на пристапување кон Европската унија и тоа директно или во рамки на мултилатералните програми на Европската унија и регионалната програма ЦЕЕПУС.

• Со одредбите на овој Протокол ќе се овозможи и поттикнување на директна соработка и со другите заинтересирани организации и поединци во областа на високото образование.

38956426990 b9fea3f8d3 k

• Со цел зајакнување на развојот и унапредувањето на соработката во областа на образованието меѓу Република Македонија и Босна и Херцеговина, а со уверување дека таквата соработка ќе допринесе за подобро разбирање и зајакнување на сестраните односи меѓу двете држави, меѓусебно ќе се поттикнува и овозможува студирање и учење на македонски јазик и на официјалните јазици на Босна и Херцеговина, како и книжевноста на двете земји, односно ќе се поддржува развојот и напредокот во учењето на мајчиниот јазик и култура, за децата и младинците, припадници на македонската заедница во Босна и Херцеговина и припадниците на босанско херцеговската заедница во Република Македонија.

На учениците, државјани на земјата на една од Страните кои  живеат на територијата на земјата на другата Страна, ќе им се овозможи правото да одат во основно училиште и да се припремаат за основно училиште, под истите услови како и државјаните на земјата на чија територија живеат. Исто така, договорено е  државјаните во земјата на другата Страна да запишуваат средно и високо образование под истите услови кои важат за државјаните на таа Страна. Согласност е постигната и по однос на студирањето на државјаните на двете земји, на тој начин  што за студентите државјани на другата Страна, во поглед на плаќање школарини за високо образование да се применуваат еднакви критериуми кои важат за домашните  студенти. Во поглед на студирањето, како и во поглед на уредување на други прашања во високото образование, договорено е да се применуваат начелата на универзитетската автономија.

 

Во рамки на овој Протокол, предвидена е и потребната заемна  помош и поддршка кон воведување на заеднички последипломски студии меѓу заинтересираните високообразовни установи кои се од заемен интерес, а во согласност со внатрешно законодавство.на двете земји.

Договорено е и зајакнување на  заемната соработка во областа на образованието, особено размената на искуства во реформите на воспитно-образовниот систем, како дел на процесот на пристапување кон Европската унија и тоа директно или во рамки на мултилатералните програми на Европската унија и регионалната програма ЦЕЕПУС, .

 

Со одредбите на овој Протокол ќе се овозможи  поттикнување директна соработка и со другите заинтересирани организации и поединци во областа на високото образование.

 

Со цел зајакнување на развојот и унапредувањето на соработката во областа на образованието меѓу Република Македонија и Босна и Херцеговина, а со уверување дека таквата соработка ќе допринесе за подобро разбирање и зајакнување на сестраните односи меѓу двете држави, меѓусебно ќе се поттикнува и овозможува студирање и учење на македонски јазик и на официјалните јазици на Босна и Херцеговина, како и книжевноста на двете земји, односно ќе се поддржува развојот и напредокот во учењето на мајчиниот јазик и култура, за децата и младинците, припадници на македонската заедница во Босна и Херцеговина и припадниците на босанско херцеговската заедница во Република Македонија.

ministerka-slika-mk-2

Министер за образование и наука

zamenik-mk 

Заменик министер за образование и наука 

misija i vizija

politika-za-kvalitet

sektori mon v2

organi mon v2

ucebnici-mon-gov-mk

cenovnik-za-oshteteni-uchebnici

otvoreno-vladino-partnerstvo

strategija-prepriemachko

SDIS v2

mon_slika.jpg 

baner2 Foto novo

мостови

NDC Skopje

horizon 2020 1 banner

Copy of NA Logo H MK 

centri za karierno 

PSO

Kampanja vlada

preliminarna-lista-1

ipa4

 

 

 

 

javen povik osnovno sredno

olimpijada-9

stipendii-stranstvo-mk-ang-baner

Banner tutori1

 

Banner Tracer MK

 logo-katalog

1000-knigi-novo

 

banner lab

obrazovanie na vozrasni

prezemi-upatstvo 

MCGO-baner

 Untitled-Banner 1

Sportska-akademija-logo

20 септември - Интернационален ден на универзитетскиот спорт


 

 

 

Адреса

Министерство за образование и наука

ул. Св. Кирил и Методиј бр. 54

1000 Скопје, Република Македонија

Copyright © 2016 mon.gov.mk. Сите права се заштитени.

Контакти

phone icon +389 2 3117 896

fax +389 2 3118 414

mail contact@mon.gov.mk

Поврзете се со нас

facebook-icon

Следете нè на Facebook