Заменик министерот за образование и наука Спиро Ристовски и градоначалникот на општина Аeродром Ивица Коневски, денска го посетија ОУ „Лазо Ангеловски“, каде што беа распределени комплети со училишната униформа, која основците од оваа општина задолжително ќе ја носат со почетокот на новата учебна година.  

 

Заменик министерот за образование и наука Спиро Ристовски ја поздрави иницијативата на Општина Аеродром за обезбедување училишни униформи за учениците. Покрај хигиенската,  тој ја истакна и големата значајност на социјалната димензија во овој процес и упати апел до другите општини кои имаат можност, да го следат примерот на општина Аеродром.

„Станува збор за еден исклучително квалитетен тренд што постои во голем број западноевропски земји каде што, пред сé во приватните, но и државните училишта, се обезбедуваат униформи за учениците“ – изјави Ристовски.

Во врска со целта на воведувањето задолжителни униформи за основците, градоначалникот Коневски истакна дека Општината сака да го постигне чувството на еднаквост меѓу децата во врска со начинот на облекување.

„Целта на оваа наша активност ни е дечињата да бидат еднакви во начинот на облекување и повеќе да се насочат на образованието, односно да се натпреваруваат кој повеќе знаење има“ - рече Коневски.

Тој објасни дека Општината за набавка на училишните униформи од својот буџет издвоила седум милиони денари и истите ќе продолжи да ги набавува секоја година, за сите деца од прво до осмо одделение.

 

zamenik-mk 

Министер за образование и наука

zamenik-petar-mk

Заменик министер за образование и наука

misija i vizija

politika-za-kvalitet

sektori mon v2

organi mon v2

ucebnici-mon-gov-mk

cenovnik-za-oshteteni-uchebnici

otvoreno-vladino-partnerstvo 

strategija-za-obr

strategija-prepriemachko

SDIS v2

mon_slika.jpg 

Informacii-od-javen-karakter-1

baner2 Foto novo 

MK-final-vertical-3-version-03.2017

NDC Skopje

horizon 2020 1 banner

Copy of NA Logo H MK 

centri za karierno 

PSO

Kampanja vlada

preliminarna-lista-1

ipa4

 

 

 

 

javen povik osnovno sredno

olimpijada-9

stipendii-stranstvo-mk-ang-baner

Untitled-Banner 1Banner tutori1

 

Banner Tracer MK

 logo-katalog

1000-knigi-novo

 

banner lab

obrazovanie na vozrasni

prezemi-upatstvo 

MCGO-baner

 

Sportska-akademija-logo

20 септември - Интернационален ден на универзитетскиот спорт


 

 

 

Адреса

Министерство за образование и наука

ул. Св. Кирил и Методиј бр. 54

1000 Скопје, Република Северна Македонија

Copyright © 2016 mon.gov.mk. Сите права се заштитени.

Контакти

phone icon +389 2 3117 896

fax +389 2 3118 414

mail contact@mon.gov.mk

Поврзете се со нас

facebook-icon

Следете нè на Facebook