Министерот за образование и наука на Република Македонија, м-р Абдилаќим Адеми денеска оствари средба со амбасадорот на САД во земјата, Пол Волерс. На оваа средба, тема на дискусија беа повеќе  активности и проекти, кои се плод на досегашната интензивна соработка помеѓу двете земји во областа на образованието, за која, беше искажан обостран интерес за понатамошно унапредување, особено во делот на науката и технологијата. Соработка која двете страни ја официјализираа во 1995 година.

 

Министерот Адеми информираше за неколку клучни реформи коишто се спроведуваат, но и се планираат за претстојниот период во насока на унапредување на образовниот систем, како што е реформата на педагошките факултети.

Адеми говореше и за активностите во областа на интегрираното образование и притоа се заблагодари на САД за поддршката во тој дел, особено преку имплементација на проектот на УСАИД за “Меѓуетничка интеграција во образованието“.

Исто така, тој се заблагодари и за успешното спроведување на Фулбрајт програмата за стипендирање на студенти, како и програмата за усовршување и професионално искуство на наставниците.

Амбасадорот Волерс ја потврди конструктивноста и поддршката којашто САД ќе продолжи да и ја дава на Република Македонија во областа на образованието и во заложбите за градење на современ и конкурентен образовен систем.

ministerka-slika-mk

Министер за образование и наука

zamenik-mk

Заменик Министер за образование и наука 

 

misija i vizija

politika-za-kvalitet

sektori mon v2

organi mon v2

ucebnici-mon-gov-mk

cenovnik-za-oshteteni-uchebnici

otvoreno-vladino-partnerstvo

strategija-prepriemachko

SDIS v2

 

 

horizontal mk

 

NDC Skopje

horizon 2020 1 banner

Copy of NA Logo H MK 

centri za karierno 

PSO

Kampanja vlada

preliminarna-lista-1

ipa4

 

 

 

 

javen povik osnovno sredno

olimpijada-9

stipendii-stranstvo-mk-ang-baner

Banner tutori1

 

Banner Tracer MK

 logo-katalog

1000-knigi-novo

 

banner lab

obrazovanie na vozrasni

prezemi-upatstvo 

MCGO-baner

 Untitled-Banner 1

Sportska-akademija-logo

20 септември - Интернационален ден на универзитетскиот спорт


 

 

 

Адреса

Министерство за образование и наука

ул. Св. Кирил и Методиј бр. 54

1000 Скопје, Република Македонија

Copyright © 2016 mon.gov.mk. Сите права се заштитени.

Контакти

phone icon +389 2 3117 896

fax +389 2 3118 414

mail contact@mon.gov.mk

Поврзете се со нас

facebook-icon

Следете нè на Facebook