Стипендии за 4 кандидати од Република Македонија за учество на летни школи по чешки јазик, 2 стипендии во Плзењ и 2 стипендии во Брно, Република Чешка


Министерството за образование и наука на Република Македонија соопштува дека во 2018 година Министерството за образование, млади и телесно воспитување на Република Чешка обезбедува четири стипендии за учество на кандидати на летни школи по чешки јазик во рамките на проектот за словенски студии, кои традиционално се одржуваат во Плзењ (2 места) од и Брно (2 места).

Кандидатите потребно е да ги поднесат следниве документи во два примероци:
-    Пополнет формулар за учество на летната школа;
-    CV, кратка биографија;
-    Диплома за завршено високо образование;
-    За студентите: потврда дека е редовен студент на факултет
-    Мотивационо писмо.

Стипендијата покрива школарина, сместување и исхрана во студентска кантина, а патните трошоци се на товар на самиот кандидат.

Непотполни и на време недоставени документи нема да се земат во предвид.

Кандидатите треба да се пријават до 09.03.2018 година во Министерството за образование и наука на Република Македонија, Сектор за наука и технолошко -технички развој, Одделение за меѓународна соработка, (ул. Свети Кирил и Методиј бр.54 Скопје, Република Македонија). Лице за контакт – Видановски Гоце  ( 02 ) 3140185

Интервју со кандидатите ќе се одржи на 12.03.2018 година во 10.00 часот во Министерството за образование и наука, ул. Свети Кирил и Методиј бр.54 Скопје, 1410 на 14 кат.

Апликацијата за пријавување и потребни информации на: http://www.msmt.cz/eu-and-international-affairs/summer-schools-of-slavonic-studies?lang=2 и на Министерството за образование и наука на Република Македонија: www.mon.gov.mk (- конкурси) и истата треба да се достави во два примерока.

Може да се пријават кандидати вон конкурсот со сопствено финансирање.

Подетални информации како и апликациите можат да се добијат на веб страната: http://www.mzv.cz/skopje

 

zamenik-mk 

Министер за образование и наука

zamenik-petar-mk

Заменик министер за образование и наука

misija i vizija

politika-za-kvalitet

sektori mon v2

organi mon v2

ucebnici-mon-gov-mk

cenovnik-za-oshteteni-uchebnici

otvoreno-vladino-partnerstvo 

strategija-za-obr

strategija-prepriemachko

SDIS v2

mon_slika.jpg 

Informacii-od-javen-karakter-1

baner2 Foto novo 

MK-final-vertical-3-version-03.2017

NDC Skopje

horizon 2020 1 banner

Copy of NA Logo H MK 

centri za karierno 

PSO

Kampanja vlada

preliminarna-lista-1

ipa4

 

 

 

 

javen povik osnovno sredno

olimpijada-9

stipendii-stranstvo-mk-ang-baner

Untitled-Banner 1Banner tutori1

 

Banner Tracer MK

 logo-katalog

1000-knigi-novo

 

banner lab

obrazovanie na vozrasni

prezemi-upatstvo 

MCGO-baner

 

Sportska-akademija-logo

20 септември - Интернационален ден на универзитетскиот спорт


 

 

 

Адреса

Министерство за образование и наука

ул. Св. Кирил и Методиј бр. 54

1000 Скопје, Република Македонија

Copyright © 2016 mon.gov.mk. Сите права се заштитени.

Контакти

phone icon +389 2 3117 896

fax +389 2 3118 414

mail contact@mon.gov.mk

Поврзете се со нас

facebook-icon

Следете нè на Facebook