Денеска, во средното училиште Васил Антевски Дрен, министерката за образование и наука, проф. д-р Рената Дескоска, заедно со шефицата на Мисијата на ОБСЕ, Нина Суомалаинен, учествуваа на свеченото промовирање на грантови во рамки на проектот „Градиме мостови”.

Учениците кои ги промовираа проектите на училиштата кои се добитници на грантови од проектот „Градиме мостови“, искрено порачаа: Мостовите кои се градат со другарство – најдолго траат.

На новите генерации им се потребни меѓусебни мостови кои ќе им овозможат пристап до богатството и благодетите на различноста, особено во училиштата, кои би требало да ги подготват за заедничка иднина во Европа со сета нејзина културна различност.

Во таа насока, Фондот „Градиме мостови”  продолжува со лесниот пристап за грантови за општините, учениците, наставниците, родителите, училиштата и градинките кои сакаат да организираат заеднички активности вклучувајќи ученици од сите свои заедници кои следат настава на различни наставни јазици со цел да ја зголеми интеракцијата, разбирањето и интеграцијата во училишната средина.

Министерката Дескоска истакна дека ваквите проекти се позитивни и добредојдени, но дека не се доволни.

- Треба уште многу да работиме, сите заедно, како Владата, така училиштата, така и сите политички фактори, на градење на вистински соживот и вистинска кохеија, градење на заедништво меѓу граѓаните со различно етничко потекло, и градење на едно општество за сите, порача Дескоска.

-Нашата цел е да ја подобриме интеракцијата помеѓу учениците кои ја следат наставата на различен јазик, да ја промовираме интеграцијата на ученици кои припаѓаат на различните етнички заедници и преку заеднички наставни и воннаставни активности, да создадеме средина во која ќе се подобри инклузивноста и интеретничката интеграција, средина во која ќе се почитуваат различностите, изјави министерката Дескоска.

“Активностите спроведени од страна на добитниците на грантови на фондот Градиме мостови имаат за цел да ја зголемат интеракцијата, разбирањето и интеграцијата во училиштата. Мисијата на ОБСЕ ќе продолжи со градење мостови и понатаму ќе го подржува овој проект кој досега вклучи повеќе од 27,000 ученици од над 100 училишта,” изјави шефицата на Мисијата на ОБСЕ, амбасадорката Нина Суомалаинен.

Фондот Градиме Мостови е заеднички проект отпочнат од Министерството за образование и наука, Владата на Швајцарија и Мисијата на ОБСЕ, кој понатаму беше поддржан и од Владата на Ирска. Сега, активни поддржувачи на Фондот се Амбасадата на Кралството Холандија, како и Владите на Австрија и Соединетите Американски Држави.

 

zamenik-mk 

Министер за образование и наука

zamenik-petar-mk

Заменик министер за образование и наука

misija i vizija

politika-za-kvalitet

sektori mon v2

organi mon v2

ucebnici-mon-gov-mk

cenovnik-za-oshteteni-uchebnici

otvoreno-vladino-partnerstvo 

strategija-za-obr

strategija-prepriemachko

SDIS v2

mon_slika.jpg 

Informacii-od-javen-karakter-1

baner2 Foto novo 

MK-final-vertical-3-version-03.2017

NDC Skopje

horizon 2020 1 banner

Copy of NA Logo H MK 

centri za karierno 

PSO

Kampanja vlada

preliminarna-lista-1

ipa4

 

 

 

 

javen povik osnovno sredno

olimpijada-9

stipendii-stranstvo-mk-ang-baner

Untitled-Banner 1Banner tutori1

 

Banner Tracer MK

 logo-katalog

1000-knigi-novo

 

banner lab

obrazovanie na vozrasni

prezemi-upatstvo 

MCGO-baner

 

Sportska-akademija-logo

20 септември - Интернационален ден на универзитетскиот спорт


 

 

 

Адреса

Министерство за образование и наука

ул. Св. Кирил и Методиј бр. 54

1000 Скопје, Република Македонија

Copyright © 2016 mon.gov.mk. Сите права се заштитени.

Контакти

phone icon +389 2 3117 896

fax +389 2 3118 414

mail contact@mon.gov.mk

Поврзете се со нас

facebook-icon

Следете нè на Facebook