Програмата Стипендиум Хунгарикум (Stpendium Hungaricum) на Владата на Унгарија за учебната 2017/2018 година за кандидати од Република Македонија доделува вкупно 20 стипендии, и тоа за:

- 7 стипендии за целосни додипломски (BA/BSc), првенствено од областа на инженерските, земјоделските и природните науки, технологија, медицина, економија, уметности;

- 7 стипендии за целосни последипломски студии (MA/MSc), исто така од горенаведените области;

- 2 стипендии за целосни едно - циклусни (one-cycle) студии од сите области од интерес;

- 4 стипендии за целосни докторски студии  (PhD/ DLA) од сите области од интерес, по добивањето на согласност од соодветната високо образовна институција.   

Доколку студиите се изведуваат на некој странски јазик, потребно е кандидатите да го познаваат тој јазик  на ниво кое го бара институцијата домаќин (универзитетот).

Доколку студиите се изведуваат на унгарски јазик, пред отпочнувањето со студии, прифатените студенти треба задолжително да посетуваат едногодишни подготвителни курсеви за унгарски јазик.

Стипендијата го покрива следниве трошоци:

-    Школарина;

-    Сместување во студентски кампус во институцијата домаќин или надоместок  во  ХУФ месечно;

-    Здравствено осигурување;

-    Месечна стипендија согласно со постојната законската регулатива која се однесува на унгарските студенти, вклучувајќи ја и првата година за подготвителени курсeви; 

-    Патните трошоци за патување во Унгарија се на товар на кандидатите;

Сите подетални информации за начинот, критериумите и потребните документи за аплицирање и студирање, како и листа на државните унгарски универзитети, факултети и колеџи и целосниот текст  на Конкурсот (Cal for application 2018-2019) може да се најдат на: www.stipendiumhugaricum.hu.

Начин на аплицирање:

Аплицирањето се врши исклучително по електронски пат, а формуларот за аплицирање може да се симне од горенаведената интернет страна.: (www.stipendiumhugaricum.hu).

Комплетниот пакет со бараните документи за аплицирање се доставува по електронски пат на истата оваа интернет страна, за што online системот   е отворен  до  16 февруари 2018 година, do 12:00 h .

Освен ова, потребно е секој кандидат истата апликација за стипендија од Програмата Стипендиум Хунгарикум, со сите барани документи, истовремено да ја достави на следнава e-mail адреса во Министерството за образование и наука:

Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. .

 

zamenik-mk 

Министер за образование и наука

zamenik-petar-mk

Заменик министер за образование и наука

misija i vizija

politika-za-kvalitet

sektori mon v2

organi mon v2

ucebnici-mon-gov-mk

cenovnik-za-oshteteni-uchebnici

otvoreno-vladino-partnerstvo 

strategija-za-obr

strategija-prepriemachko

SDIS v2

mon_slika.jpg 

Informacii-od-javen-karakter-1

baner2 Foto novo 

MK-final-vertical-3-version-03.2017

NDC Skopje

horizon 2020 1 banner

Copy of NA Logo H MK 

centri za karierno 

PSO

Kampanja vlada

preliminarna-lista-1

ipa4

 

 

 

 

javen povik osnovno sredno

olimpijada-9

stipendii-stranstvo-mk-ang-baner

Untitled-Banner 1Banner tutori1

 

Banner Tracer MK

 logo-katalog

1000-knigi-novo

 

banner lab

obrazovanie na vozrasni

prezemi-upatstvo 

MCGO-baner

 

Sportska-akademija-logo

20 септември - Интернационален ден на универзитетскиот спорт


 

 

 

Адреса

Министерство за образование и наука

ул. Св. Кирил и Методиј бр. 54

1000 Скопје, Република Македонија

Copyright © 2016 mon.gov.mk. Сите права се заштитени.

Контакти

phone icon +389 2 3117 896

fax +389 2 3118 414

mail contact@mon.gov.mk

Поврзете се со нас

facebook-icon

Следете нè на Facebook