Врз основа на член 49 став 5 о23д Законот за студентски стандард (“Службен весник на Република Македонија“ бр. 15/13, 120/13, 41/14,146/15, 30/16 и 178/16) и Решението за распишување на Конкурс за доделување стипендии на редовни студенти Роми запишани на додипломски студии од прв циклус на јавните и приватните универзитети и високообразовни установи во Република Македонија
за студиската 2017/2018 година бр.23-14842/2 од 13.12.2017 година, Министерството за образование и наука, распишува
 

КОНКУРС
за доделување стипендии на редовни студенти Роми запишани на додипломски студии од прв циклус на јавните и приватните универзитети и високообразовни установи во Република Македонија за студиската 2017/2018 година


Министерството за образование и наука за студиската 2017/2018 година со конкурсот ќе додели вкупно 100 стипендии на редовни студенти Роми запишани на додипломски студии од прв циклус на јавните и приватните универзитети и високообразовни установи во Република Македoнија.

     I. УСЛОВИ ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ НА СТУДЕНТСКА СТИПЕНДИЈА ЗА СТУДЕНТИ РОМИ

Право на стипендија имаат студентите запишани на додипломски студии од прв циклус кои студираат на јавните и приватните универзитети и високообразовните установи во Република Македонија и кои ги исполнуваат следните услови:
1.    Да се припадници на Ромската етничка заедница;
2.    Да се државјани на Република Македонија;
3.    Да не се корисници на стипендија од други установи, институции или компании.

II.КРИТЕРИУМИ ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ НА СТУДЕНТСКА СТИПЕНДИЈА ЗА СТУДЕНТИ РОМИ

Стипендиите за студенти Роми ќе се доделат согласно следните критериуми:
1.    Средниот успех на кандидатот од сите четири години од средното образование за студентите кои се запишани во прва година на студии;
2.    Средниот успех од сите претходни студиски години за студентите кои студираат во сите останати години;
3.    Да се редовни студенти на некој од јавните или приватните факултети во Република Македонија за студиската 2017/2018 година;
4.    Предност при селекција ќе имаат студентите Роми кои студираат на јавните или приватните факултети во Република Македонија кои образуваат наставен кадар.
5.    Студентите кои во студиската 2016/2017 година биле корисници на стипендија од Министерството за образование и наука, а не запишале нареден семестар или повисока студиска година, немаат право на стипендија во академската 2017/2018 година.

III.    ВИСИНА НА СТИПЕНДИЈАТА

Висината на стипендијата изнесува 5,000 денари месечно за девет месеци во текот на една студиска година.

IV.    МЕСТО И РОК ЗА ПОДНЕСУВАЊЕ НА ДОКУМЕНТИ

Кандидатите кои се пријавуваат на Конкурсот, потребно е до Министерството за образование и наука/Управата за развој и унапредување на образованието на јазиците на припадниците на заедниците, ул. Св.Кирил и Методиј бр. 54 – Скопје, најдоцна до 28.12.2017 година да ги достават следните документи:

A)    За студенти запишани во 1ва студиска година потребни се следните документи:

1.    Барање за стипендирање на студенти Роми;
2.    Пријава за стипендирање на студенти Роми;
3.    Потврда за редовен студент во студиската 2017/18;
4.    Копии од свидетелства од сите 4 години од средно образование заверени на нотар;
5.    Изјава дека кандидатот е припадник на ромската етничка заедница;
6.    Изјава дека кандидатот не е корисник на друга стипендија;
7.    Изјава за обработка и користење на личните податоци на кандидатот за потребите на Министерството за образование и наука;
8.    Копија од уверение за државјанство на Република Македонија;
9.    Копија од трансакциска сметка на име на студентот.
 

Б) За студентите од сите останати студиски години, потребни се следните документи:

1.    Барање за стипендирање на студенти Роми;
2.    Пријава за стипендирање на студенти Роми;
3.    Потврда за редовен студент во студиската 2017/18;
4.    Копија од индекс;
5.    Уверение за положени испити;
6.    Изјава дека кандидатот е припадник на ромската етничка заедница;
7.    Изјава дека кандидатот не е корисник на друга стипендија;
8.    Изјава за обработка и користење на личните податоци на кандидатот за потребите на Министерството за образование и наука;
9.    Копија од уверение за државјанство на Република Македонија;
10.    Копија од трансакциска сметка на име на студентот.
Ненавремената и некомплетната документација нема да се разгледува во процесот и истата нема да влезе во конкуренција со останатите кои се пријавиле на конкурсот.
    


МИНИСТЕРСТВО ЗА ОБРАЗОВАНИЕ И НАУКА
МИНИСТЕР,

Рената Дескоска

 

zamenik-mk 

Министер за образование и наука

zamenik-petar-mk

Заменик министер за образование и наука

misija i vizija

politika-za-kvalitet

sektori mon v2

organi mon v2

ucebnici-mon-gov-mk

cenovnik-za-oshteteni-uchebnici

otvoreno-vladino-partnerstvo

strategija-prepriemachko

SDIS v2

mon_slika.jpg 

Informacii-od-javen-karakter-1

baner2 Foto novo

мостови

NDC Skopje

horizon 2020 1 banner

Copy of NA Logo H MK 

centri za karierno 

PSO

Kampanja vlada

preliminarna-lista-1

ipa4

 

 

 

 

javen povik osnovno sredno

olimpijada-9

stipendii-stranstvo-mk-ang-baner

Banner tutori1

 

Banner Tracer MK

 logo-katalog

1000-knigi-novo

 

banner lab

obrazovanie na vozrasni

prezemi-upatstvo 

MCGO-baner

 Untitled-Banner 1

Sportska-akademija-logo

20 септември - Интернационален ден на универзитетскиот спорт


 

 

 

Адреса

Министерство за образование и наука

ул. Св. Кирил и Методиј бр. 54

1000 Скопје, Република Македонија

Copyright © 2016 mon.gov.mk. Сите права се заштитени.

Контакти

phone icon +389 2 3117 896

fax +389 2 3118 414

mail contact@mon.gov.mk

Поврзете се со нас

facebook-icon

Следете нè на Facebook