Министерката за образование и наука, проф. д-р Рената Дескоска, денеска се обрати на конференцијата посветена на унапредување на остварувањето на правата на припадниците на заедниците кои се помалку од 20% од населението, организирана од Агенцијата за остварување на правата на заедниците и ОБСЕ.

Таа ги образложи политиките и реформите на Владата и Министерството за образование и наука во насока на унапредување на остварувањето на правата на помалубројните заедници во областа на образованието.

Во своето обраќање, министерката Дескоска истакна:
 
Владата на Република Македонија промовира политика на едно општество за сите. Тоа опфаќа и гаранција и унапредување на јазичните права на сите заедници кои живеат во Република Македонија, бидејќи јазикот е обележје на припадност на една заедница и обидот за негирање на јазичните права се знак за нетолеранција и обид за дискриминација.

Тоа значи градење на политика за употреба на јазиците која ќе се заснова на принципите на толеранција и соживот, политика на промоција на јазичните права, политика која нема да создава граница меѓу луѓето и власта, ниту меѓу луѓето кои зборуваат на различни јазици.

Креирањето на толерантни политики за употреба на јазиците треба да е прашање од највисок приоритет во секоја земја.

Во образовниот систем во Република Македонија постои потреба за унапредување на изучувањето на јазиците на заедниците, но исто така постојат и проблеми во остварување на ова право заради недостаток на соодветен кадар.

img 8142

Според статистиките со кои располага Министерството, околу 10,63% се припадници на помалубројните заедници (Бошњаци, Власи, Роми, Срби, Турци и други). Во Република Македонија согласно Наставниот план, наставата во основното и средното образование се реализира на следниве наставни јазици: македонскиот, албанскиот, турскиот и српскиот јазик, додека јазиците на останатите заедници (Бошњаци, Власи, Роми), согласно Концепцијата за деветгодишно основно образование, се изучуваат како изборни предмети од трето до деветто одделение, со еден односно два часа неделен фонд.

Од 2006 година, се реализира експериментална настава на босански наставен јазик во три основни училишта и тоа во ООУ “Дитуриа“ општина Сарај-Љубин, ООУ “Рајко Жинзифов“ Општина Велес - с. Оризари, и во ООУ “Алија Авдовиќ“ Општина Студеничани - с. Батинци, но во ова училиште не заживеа експерименталната настава и се пристапи кон изучување на „Јазик и култура на Бошњаците“.

Во учебната 2016/17 година, на ниво на Република Македонија, во основното образование, од прво до деветто одделение, наставниот процес го следеле 2044 ученици припадници на бошњачката етничка заедница, од кои 687 го изучуваат изборниот предмет Јазик и култура на Бошњаците.

Анкетите за избор на изборен предмет не се спроведуваат во сите училишта. Во најголема мера таквиот однос на училиштата спрема изучувањето на Јазик и културата на заедниците е од субјективни причини, односно заштита на наставниот кадар кој нема доволен фонд на часови. Во поголем дел од училиштата наставниот кадар кој го предава изборниот предмет не е според нормативот за наставен кадар, утврден со наставната програма, општинските власти поставуваа кадар по свој избор или согласно политичкиот договор, а сето тоа повлекува неквалитетна настава и слаб интерес на родителите, односно учениците.

Проблем е и немањето учебници за изборниот предмет „Јазик и култура на Бошњаците“. Досега има само еден учебник за шесто одделение.

Согласно Уставот на Репблика Македонија и Законите за основно, средно и високо   образование, српската заедница има редовна настава во основното и средното образование на српски наставен јазик, додека високото образование има група српски јазик на Филолошкиот факултет, при Универзитетот “ Св. Кирил и Методиј“-Скопје.

img 8157

                Редовна настава на српски наставен јазик се одвива во три училишта и тоа во општините: Чучер Сандево ООУ “Кирил и Методиј“ с. Кучевиште, Старо Нагоричане, ООУ “Светозар Марковиќ“, како и ООУ “Браќа Рибар“ с. Табановце. Според овие податоци може да се констатира дека наставата на српски јазик се одвива во рурални средини и места каде Србите се сконцентрирани со место на живеење. Основното образование во 2016/17 год. според етничката припадност во образовниот систем Србите се застапени со 1258 ученика од кои 165 следат настава на српски наставен јазик, како што е прикажано и во табелата подолу.

Образование на српски наставен јазик е овозможено во средното училиште гимназија “Гоце Делчев“ Куманово, но поради слабиот интерес нема настава на српски јазик во средното образование.

                Проблем со кој се судрува српската заедница во образовниот процес се однесува на недостиг на учебници, придружни материјали неопходни за успешно реализирање на наставните содржини, предвидени во наставните програми, како и лектири на српски јазик. Покрај овие проблеми со кои се соочуваат директорите го потенцираат и лошиот квалитет на учебниците па се принудени истите да ги копираат. Што се однесува до наставниот кадар, истиот не е соодветен, па заради тоа голем број од предметите се предаваат на македонски наставен јазик, со што и интересот на учениците опаѓа за следење наставата на српски јазик. Не постои можност за факултативна настава на српски јазик, како и неможноста истата да се применува во изборен предмет.

Турската етничка заедница своето образование го остварува на мајчин јазик т.е. турски наставен јазик како во основното така и во средното образование. Од прво до деветто одделение запишани се 8905 ученици Турци, наставата на турски јазик ја следат 6153 ученика. Турската заедница покрај редовна настава на мајчин јазик се до донесувањето на Концепцијата за деветгодишно основно образование мајчиниот јазик го изучува како факултативен предмет во средини каде што нема доволен број на ученици за редовна настава на турски наставен јазик. Од турската заедница има интерес и барање да се одобри изучување на мајчиниот јазик како изборен предмет во средини каде што нема доволен број ученици за редовна настава.

img 8168

Во средното образование наставата на турски јазик се изведува во 8 општини 13 училишта. Од прва до четврта година запишани се 2.633 ученика, наставата на турски јазик ја следат 1506 ученика. Во средното образование учебниците делумно се преведени и претставува голем проблем за учениците бидејќи се принудени да учат од учебници на македонски јазик а наставата ја следат на турски јазик. На територијата на Р. Македонија турската заедница за да го продолжи високото образование на својот мајчин јазик во високите образовни институции им овозможува Државниот Универзитет „Кирил и Методиј“ во Скопје Катедрата на турски јазик на Филолошкиот факултет, Педагошкиот Факултет „Климент Охридски“ во Скопје и Педагошкиот факултет „Гоце Делцев“ во Штип.

Ромската заедница своето образование на сите нивоа го остварува на македонски наставен јазик но, има ученици Роми кои наставата ја следат на албански наставен јазик. Како заедница која нема настава на својот мајчин јазик, од осамостојувањето па до донесувањето на Концепцијата за деветгодишно основно образование, Ромската заедница мајчиниот јазик го изучувале како факултативен предмет од прво до осмо одделение. Со усвојувањето на Концепцијата факултативната настава се укинува, а Ромите изучувањето на ромскиот јазик го остваруваат преку предметот Јазик и култура на Ромите, од трето до деветто одделение, со по еден односно два часа неделно.

Според статистичките податоци кои ги прибира Управата, во основното образование во учебната 2016/17 година се запишани 9356 ученика кои и припаѓаат на ромската заедница.

Во моментов, во училиштата постои можност да се изучува предметот „Јазик и култура на Ромите” за кој има учебници за трето, четврток и петто одделение, а за останатите одделенија не се изготвени учебници.

Проблемот со недостаток на наставен кадар се обидуваме да го надминеме со стипендирање на студенти Роми од јавните и приватните високообразовни институции и универзитети во Република Македонија и со програми за туторство на студенти Роми.

Изучувањето на мајчиниот јазик на Власите во образовниот систем на РМ се започна во 1995 година, најнапред како факултативен предмет, а со измените и дополнувањата на Законот за основно образование (2007 год.) и Концепцијата за деветгодишно основно образование и воспитание, факултативното изучување премина во изборен предмет именуван како: „Јазик и култура на Власите“.  

Настава по изборниот предмет Јазик и култура на Власите во учебната 2016/17 година се изведуваше во 11 основни училишта, во 4 града во Републиката.

img 8148

Наставата се организира во комбинирани паралелки, односно, во групи со ученици од различни одделенија односно возрасти. Најчесто, се групираат ученици од III, IV и V одделение или VI, VII, VIII и IX одделение, а во поголемите градови и од различни училишта. Комбинираниот вид на настава и примената на диференцирана педагогија претставува вистински предизвик и за наставник со добра иницијална и дополнителна обука, а за несоодветниот наставен кадар по влашки јазик е голем проблем. Работата на наставникот, дополнително се усложнува со фактот дека учениците се разликуваат и во однос на нивото на говорење на влашкиот јазик, односно дел од учениците воопшто или сосема малку го говорат мајчиниот јазик, а преостанатиот дел се ученици кои добро го говорат јазикот.

ministerka-slika-mk-2

Министер за образование и наука

 

 

misija i vizija

politika-za-kvalitet

sektori mon v2

organi mon v2

ucebnici-mon-gov-mk

cenovnik-za-oshteteni-uchebnici

otvoreno-vladino-partnerstvo

strategija-prepriemachko

SDIS v2

 

mon_slika.jpg

 

NDC Skopje

horizon 2020 1 banner

Copy of NA Logo H MK 

centri za karierno 

PSO

Kampanja vlada

preliminarna-lista-1

ipa4

 

 

 

 

javen povik osnovno sredno

olimpijada-9

stipendii-stranstvo-mk-ang-baner

Banner tutori1

 

Banner Tracer MK

 logo-katalog

1000-knigi-novo

 

banner lab

obrazovanie na vozrasni

prezemi-upatstvo 

MCGO-baner

 Untitled-Banner 1

Sportska-akademija-logo

20 септември - Интернационален ден на универзитетскиот спорт


 

 

 

Адреса

Министерство за образование и наука

ул. Св. Кирил и Методиј бр. 54

1000 Скопје, Република Македонија

Copyright © 2016 mon.gov.mk. Сите права се заштитени.

Контакти

phone icon +389 2 3117 896

fax +389 2 3118 414

mail contact@mon.gov.mk

Поврзете се со нас

facebook-icon

Следете нè на Facebook