Министерката за образование и наука, проф. д-р Рената Дескоска денеска учествуваше на меѓународната конференција „Квалитетно образование за раст, резултати и подобра иднина”, настан во организација на УНИЦЕФ.

Целта на конференција е да даде насоки, како и препораки за тоа што треба да направиме како држава за да го подобриме и подигнеме квалитетот на образованието за нашите ученици во иднина да имаат респектабилни резултати на светско ниво.  Учество на оваа конференција земаа истакнати меѓународни образовни експерти кои дискутираа и дадоа свои препораки и гледишта за идниот развој на образовниот систем во државата.

Министерката Дескоска ја отвори сесијата посветена на различните перспективи и предизвици во обезбедувањето квалитетно образование, при што ги потенцираше клучните проблеми и предизвици на македонскиот образовен систем и говореше за клучните реформи на сите нивоа на образование.
IMG 1255

Почнувајќи од предучилишното образование, Дескоска напомена дека „јавноста кај нас го перципира образованиот систем само преку основното, средното и високото образование, но не треба да се заборави ниту предучилишното образование, односно коренот на воспитување и образување на учениците“.

„Згрижувањето не е единствената функција на градинките, туку тие се и основата за успешно прилагодување на наставните програми и материјали во основното училиште. Праксата покажала дека децата кои ги посетувале градинките се поподготвени за следење настава и совладување на материјата, отколку оние деца кои биле воспитувани во домашни услови“, истакна Дескоска.

Министерката Дескоска се осврна и на моменталната ситуација во основното и средното образование. Преку отпочнатите реформи во образованието, таа најави крај на воведените експериментални практики во образовниот систем, но и воспоставување на темели на нов и квалитетен образовен систем, по што ги подвлече клучните реформи во образованието, „каде главен столб ќе биде воспоставувањето и градењето на партнерскиот однос меѓу наставниците и учениците, намалувањето на бројот на часовите, особено во основното образование, како и намалување на бројот на ученици во паралелките. Таа најави и можно пилотирање на дел од реформите пред нивното имплементирање во образовниот систем.

IMG 1250

Досегашната анализа, истакна Дескоска, во областа на општото средно образование утврди дека, наставните планови се преоптоварени и сè уште постојат наставни програми што се застарени и не овозможуваат континуитет на когнитивниот и социо-емоционалниот развој на учениците, не ги поддржуваат модерните пристапи за одржување на наставата и не ги отсликуваат актуелните социјални процеси.
Слични беа забелешките и во поглед на средното стручно образование, при што министерката напомена дека истото и понатаму не привлекува доволен број на ученици.

„Забележливо е несовпаѓањето меѓу понудата на кадри од системот за средно стручно образование и побарувачката на пазарот на работна сила, како и дека системот за воведување на нови квалификации во стручното образование и обука е нефлексибилен и неделотворен, а соработката со бизнис сектор за конкретна практична обука на учениците и учење во работна средина е неефикасна“, забележа Дескоска.

Покрај изготвувањето на Законот за високото образование, министерката најави и подигигнување на квалитетот на високото образование преку преку дополнително подобрување на работата на Одборот за акредитација и евалуација на високото образование, како и подобрување на материјалната и методолошката основа на високото образование.

tom 0171

Понатаму, министерката говореше за Сеопфатната стратегија за образованието, при што потенцираше дека клучните цели на Стратегијата се воведување програма за рано учење и развој за деца на возраст 5-6 години, со цел да се поддржи нивното успешно преоѓање во основното образование, како и промовирање на интеграцијата на ученици кои припаѓаат на различни етнички заедници, преку заеднички наставни и воннаставни активности, заедничко учење на јазици, подобрување на просторните услови за интеграција,осигурување на меѓучовечки и меѓукултурните социјални и општествени компетенции.

На крајот од сесијата, министерката Дескоска одговараше на прашања на публиката.

tom 0192

ministerka-slika-mk-2

Министер за образование и наука

 

 

misija i vizija

politika-za-kvalitet

sektori mon v2

organi mon v2

ucebnici-mon-gov-mk

cenovnik-za-oshteteni-uchebnici

otvoreno-vladino-partnerstvo

strategija-prepriemachko

SDIS v2

 

mon_slika.jpg

 

NDC Skopje

horizon 2020 1 banner

Copy of NA Logo H MK 

centri za karierno 

PSO

Kampanja vlada

preliminarna-lista-1

ipa4

 

 

 

 

javen povik osnovno sredno

olimpijada-9

stipendii-stranstvo-mk-ang-baner

Banner tutori1

 

Banner Tracer MK

 logo-katalog

1000-knigi-novo

 

banner lab

obrazovanie na vozrasni

prezemi-upatstvo 

MCGO-baner

 Untitled-Banner 1

Sportska-akademija-logo

20 септември - Интернационален ден на универзитетскиот спорт


 

 

 

Адреса

Министерство за образование и наука

ул. Св. Кирил и Методиј бр. 54

1000 Скопје, Република Македонија

Copyright © 2016 mon.gov.mk. Сите права се заштитени.

Контакти

phone icon +389 2 3117 896

fax +389 2 3118 414

mail contact@mon.gov.mk

Поврзете се со нас

facebook-icon

Следете нè на Facebook