Mинистерката за образование и наука Рената Дескоска оствари средба со делегација од ОБСЕ предводена од Високиот комесар за национални малцинства на ОБСЕ, г. Ламберто Заниер, како и претставници од Нансен Дијалог Центар – Скопје.

На средбата, Високиот комесар за национални малцинства на ОБСЕ, г. Ламберто Заниер и претставниците од Нансен Дијалог Центар – Скопје, го презентираа двонасочниот Македонско-албански и Албанско-македонски Речник, кој е подготвен на иницијатива на Нансен Дијалог Центар – Скопје и Канцеларијата на високиот комесар за национални малцинства при ОБСЕ.

За време на средбата, министерката Дескоска изјави дека во духот на толеранцијата и почитување на различностите, речникот, ќе претставува мост за полесно разбирање помеѓу младите. “Со самото тоа што истиот е адаптиран за млади и лесна употреба, овој речник ќе биде практично применлив. Имено, овој речник треба да им послужи на најмладите, да го олесни изучувањето на албанскиот и македонскиот јазик“, потенцираше министерката Дескоска.
   
Министерката Дескоска го информираше г. Ламберто Заниер за Стратегијата за образованието 2018-2025, која е во финална фаза, дека постои консензус околу интегрираното образование кое е вклучено во сите нивоа на образование, почнувајќи од предучилишното, основното и средното образование.

Двонасочниот Македонско-албански и Албанско-македонски Речник е достапен електронски на следната веб-страница - http://hcnm-ndc.org/, и истиот е достапен за бесплатно преземање како мобилна апликација.

ministerka-slika-mk-2

Министер за образование и наука

zamenik-mk

Заменик Министер за образование и наука 

 

misija i vizija

politika-za-kvalitet

sektori mon v2

organi mon v2

ucebnici-mon-gov-mk

cenovnik-za-oshteteni-uchebnici

otvoreno-vladino-partnerstvo

strategija-prepriemachko

SDIS v2

 

mon_slika.jpg

 

NDC Skopje

horizon 2020 1 banner

Copy of NA Logo H MK 

centri za karierno 

PSO

Kampanja vlada

preliminarna-lista-1

ipa4

 

 

 

 

javen povik osnovno sredno

olimpijada-9

stipendii-stranstvo-mk-ang-baner

Banner tutori1

 

Banner Tracer MK

 logo-katalog

1000-knigi-novo

 

banner lab

obrazovanie na vozrasni

prezemi-upatstvo 

MCGO-baner

 Untitled-Banner 1

Sportska-akademija-logo

20 септември - Интернационален ден на универзитетскиот спорт


 

 

 

Адреса

Министерство за образование и наука

ул. Св. Кирил и Методиј бр. 54

1000 Скопје, Република Македонија

Copyright © 2016 mon.gov.mk. Сите права се заштитени.

Контакти

phone icon +389 2 3117 896

fax +389 2 3118 414

mail contact@mon.gov.mk

Поврзете се со нас

facebook-icon

Следете нè на Facebook