Министерството за образование и наука во соработка со УНИЦЕФ ги поканува наставниците од сите основи училишта во земјата да се приклучат кон глобалната иницијатива „Најголемиот глобален час - Секој оброк раскажува приказна".

Во понеделник, на 13 ноември 2017 година, со предавање на тема „Секој оброк раскажува приказна“, училиштата можат да се вклучат кон одржувањето на „Најголемиот глобален час“. Предавањето ќе се одвива на одделенскиот час со ученици од четврто до деветто одделение.

Целата на овој проект е учениците активно да се вклучат во оваа глобална иницијатива, да разменат мислења и да се запознаат со глобалните цели за одржлив развој. Промовирањето и едукацијата на  правилната исхрана на учениците од основните училишта во земјава има за цел да се изградат добри навики во исхраната почнувајќи од раното детство.

Ве охрабруваме за време на одделенскиот час да заземете учество и во креирањето на глобалната мапа на World Largest Lesson, на врската во прилог http://worldslargestlesson.globalgoals.org/Map или пак да се поврзете на некои од социјалните мрежи на:   #WorldsLargestLesson, #TeachSDGs, #GlobalGoals, и  преку  Facebook, Twitter или Instagram на @TheWorldsLargestLesson, @TheWorldsLesson и @theworldslesson.   

Вклучувањето на учениците во глобалната платформа е на доброволна основа, со цел да се мотивираат учениците за да се приклучат и споделуваат мисли и искуства со своите соученици од светот. Крајна цел е учениците да почувствуваат дека навистина се дел од она што се случува во светот, и дека тие се движечка сила за имплементација на целите во иднина.

Истовремено, за дополнителни информации при подготовка на одделенскиот час посетете ги врските во прилог:
www.globalgoals.org,www.globalgoals.org/worldlargestlesson, www.globaldimension.org.uk, http:www.project-everyone.org

При приклучување кон одржувањето на „Најголемиот глобален час“, училиштата во Република Македонија потребно е на 13 ноември 2017 година, да организираат едночасовна настава со учениците од од четврто до деветто одделение, согласно следните наставни материјали:

- Проект со храна за глобалните цели - Секој оброк раскажува приказна

- Наставно ливче

- Projekti për ushqim në kuadër të Qëllimeve Globale - Secila pjatë e tregon një rrëfim

- Fletë pune









 

 

ministerka-slika-mk-2

Министер за образование и наука

zamenik-mk

Заменик Министер за образование и наука 

 

misija i vizija

politika-za-kvalitet

sektori mon v2

organi mon v2

ucebnici-mon-gov-mk

cenovnik-za-oshteteni-uchebnici

otvoreno-vladino-partnerstvo

strategija-prepriemachko

SDIS v2

 

mon_slika.jpg

 

NDC Skopje

horizon 2020 1 banner

Copy of NA Logo H MK 

centri za karierno 

PSO

Kampanja vlada

preliminarna-lista-1

ipa4

 

 

 

 

javen povik osnovno sredno

olimpijada-9

stipendii-stranstvo-mk-ang-baner

Banner tutori1

 

Banner Tracer MK

 logo-katalog

1000-knigi-novo

 

banner lab

obrazovanie na vozrasni

prezemi-upatstvo 

MCGO-baner

 Untitled-Banner 1

Sportska-akademija-logo

20 септември - Интернационален ден на универзитетскиот спорт


 

 

 

Адреса

Министерство за образование и наука

ул. Св. Кирил и Методиј бр. 54

1000 Скопје, Република Македонија

Copyright © 2016 mon.gov.mk. Сите права се заштитени.

Контакти

phone icon +389 2 3117 896

fax +389 2 3118 414

mail contact@mon.gov.mk

Поврзете се со нас

facebook-icon

Следете нè на Facebook