Владата на Република Македонија одлучи официјално да ја поддржи иницијативата за основање на Меѓународниот институт на Југоисточна Европа за одржливи технологии со мисија „Наука за мир”, институт кој ќе работи според “ЦЕРН моделот”.

Министерката за образование и наука проф. д-р Рената Дескоска, денеска во Женева, ја потпиша Декларацијата за намери за основање на Меѓународен институт на Југоисточна Европа за одржливи технологии, проект кој е единствен од ваков вид во регионот и ја има добиено својата поддршка од ОН, УНЕСКО и од ЦЕРН.

Според министерката Дескоска, главна цел на проектот е да се промовира соработката меѓу науката, технологијата и индустријата, односно да биде платформа за едукација на талентирани млади луѓе и инженери врз основа на трансфер на знаење и технологии од европските центри и лаборатории, а проектот ќе овозможи и вработување на научници и експерти од земјите коишто ќе бидат вклучени во него.

Од страна на земјите потписнички, препознаена е неопходноста од формирањето на еден современ институт кој ќе биде базиран на најновите технологии, а би овозможил научна и технолошка соработка, трансфер на знаење, промоција, зајакнување на иновациите, размена на информации, човечки ресурси и обуки.  

Конкретниот идејно-научен концепт за овој институт е веќе разработен и подразбира изградба на синхротрон (тип на кружен акцелератор) кој ќе овозможи истражување од различни области како што се биологија, биомедицина, хемија, фармакологија, екологија, геологија и инженеринг, со широка примена во разни индустрии.

ministerka-slika-mk-2

Министер за образование и наука

zamenik-mk

Заменик Министер за образование и наука 

 

misija i vizija

politika-za-kvalitet

sektori mon v2

organi mon v2

ucebnici-mon-gov-mk

cenovnik-za-oshteteni-uchebnici

otvoreno-vladino-partnerstvo

strategija-prepriemachko

SDIS v2

 

mon_slika.jpg

 

NDC Skopje

horizon 2020 1 banner

Copy of NA Logo H MK 

centri za karierno 

PSO

Kampanja vlada

preliminarna-lista-1

ipa4

 

 

 

 

javen povik osnovno sredno

olimpijada-9

stipendii-stranstvo-mk-ang-baner

Banner tutori1

 

Banner Tracer MK

 logo-katalog

1000-knigi-novo

 

banner lab

obrazovanie na vozrasni

prezemi-upatstvo 

MCGO-baner

 Untitled-Banner 1

Sportska-akademija-logo

20 септември - Интернационален ден на универзитетскиот спорт


 

 

 

Адреса

Министерство за образование и наука

ул. Св. Кирил и Методиј бр. 54

1000 Скопје, Република Македонија

Copyright © 2016 mon.gov.mk. Сите права се заштитени.

Контакти

phone icon +389 2 3117 896

fax +389 2 3118 414

mail contact@mon.gov.mk

Поврзете се со нас

facebook-icon

Следете нè на Facebook