Министерката за образование и наука, проф. д-р Рената Дескоска, денеска оствари работна средба со  амбасадорот на Сојузна Република Германија, Н.Е. г-динот Томас Норберт Герберих.

На средбата, министерката Дескоска ги истакна приоритетите на Министерството за образование и наука, односно отпочнатите реформи во основното и средното образование кои опфаќаат ревизија на наставните планови и програми и инклузија на децата со посебни образовни потреби, како и за воспоставувањето на стандарди за квалитет во високото образование и враќањето на автономијата на универзитетите преку измените и дополнувањата на Законот за високо образование.

Посебен фокус на средбата се стави на имплементацијата на дуалното образование во Македонија, односно популаризирањето на средното стручно образование – значајна реформа во образованието која на долг рок треба да ја намали невработеноста кај младите.

За време на средбата, германскиот амбасадор Н.Е. г-динот Томас Герберих истакна дека Министерството за образование и наука се соочува со исклучително значајни реформи кои мора да бидат стабилно спроведени, притоа напоменувајќи дека подигнувањето на квалитетот во образованието ќе и овозможи европска перспектива и напредок на државата.

На маргините на средбата, двете страни се согласија дека постои подготвеност за проширување и продлабочување на соработката во областа на образованието, како и подготвеност за унапредување на начините за изучување на германскиот јазик во образовниот систем во земјава.

ministerka-slika-mk-2

Министер за образование и наука

 

 

misija i vizija

politika-za-kvalitet

sektori mon v2

organi mon v2

ucebnici-mon-gov-mk

cenovnik-za-oshteteni-uchebnici

otvoreno-vladino-partnerstvo

strategija-prepriemachko

SDIS v2

 

mon_slika.jpg

 

NDC Skopje

horizon 2020 1 banner

Copy of NA Logo H MK 

centri za karierno 

PSO

Kampanja vlada

preliminarna-lista-1

ipa4

 

 

 

 

javen povik osnovno sredno

olimpijada-9

stipendii-stranstvo-mk-ang-baner

Banner tutori1

 

Banner Tracer MK

 logo-katalog

1000-knigi-novo

 

banner lab

obrazovanie na vozrasni

prezemi-upatstvo 

MCGO-baner

 Untitled-Banner 1

Sportska-akademija-logo

20 септември - Интернационален ден на универзитетскиот спорт


 

 

 

Адреса

Министерство за образование и наука

ул. Св. Кирил и Методиј бр. 54

1000 Скопје, Република Македонија

Copyright © 2016 mon.gov.mk. Сите права се заштитени.

Контакти

phone icon +389 2 3117 896

fax +389 2 3118 414

mail contact@mon.gov.mk

Поврзете се со нас

facebook-icon

Следете нè на Facebook