Денеска, министерката Дескоска имаше поздравно обраќање на обуката за интеркултурно образование организирана од „Нансен дијалог центар Скопје“, каде израелскиот професор, д-р Зви Бекерман од еврејскиот универзитет во Ерусалем, одржа предавање  насловено „Интеркултурно образование како метафора за поинаквa реалност?". 

Во своето обраќање министерка Дескоска порача дека наставниците се клучни за воспитување на младите во духот на толеранцијата и почитување на различностите. Воедно, таа ги потсети на зборовите на Нелсон Мендела дека луѓето не се раѓаат полни со омраза кон другите со различна боја на кожа, различно етничко потекло или поинаква религија, туку дека луѓето се учат да мрзат и можат да се научат да сакаат, затоа што љубовта е многу поприродна за човечкото срце отколку нејзината спротивност.

“Од секој еден од нас во образованието зависи дали ќе изградиме зрели личности и лидери во општеството кои ќе помогнат или пак ксенофоби и расисти кои ќе повредат. Македонија е раскошна со етницитети, со култури со бои. Ние сме одговорни да им ја доловиме на нашите ученици таа предност и карактеристика, наспроти хушкањето едни против други, стереотипите, манипулацииите, и омразата, кои можат да бидат погубни за иднината на нашата држава“, додаде министерката Дескоска.

“Наставните планови и програми, учебниците, воннаставните активности мора да нудат соодветни и вистинити содржини и да бидат во чекор со времето во кое живееме, без говор на омраза, без дискриминација, а со почитување на човековото достоинство, вредности и различности.

Ревизијата на наставните планови и програми ќе отпочне, како и ревизијата на учебниците. Ќе бидеме максимално отворени за сугестии во оваа сеопфатна реформа во образованието која ќе биде наш заеднички потфат, а резултатите ќе бидат инвестиција во перспективна, современа и богата држава на среќни, образовани и вработени граѓани“, заврши министерката Дескоска.

фото 3

На маргините на денешната обука на Нансен Дијалог Центарот, министерката Дескоска имаше и средба со поранешните амбасадори во Македонија Ерван Фуере и Симоне Филипини.

ministerka-slika-mk

Министер за образование и наука

zamenik-mk

Заменик Министер за образование и наука 

 

misija i vizija

politika-za-kvalitet

sektori mon v2

organi mon v2

ucebnici-mon-gov-mk

cenovnik-za-oshteteni-uchebnici

otvoreno-vladino-partnerstvo

strategija-prepriemachko

SDIS v2

 

 

horizontal mk

 

NDC Skopje

horizon 2020 1 banner

Copy of NA Logo H MK 

centri za karierno 

PSO

Kampanja vlada

preliminarna-lista-1

ipa4

 

 

 

 

javen povik osnovno sredno

olimpijada-9

stipendii-stranstvo-mk-ang-baner

Banner tutori1

 

Banner Tracer MK

 logo-katalog

1000-knigi-novo

 

banner lab

obrazovanie na vozrasni

prezemi-upatstvo 

MCGO-baner

 Untitled-Banner 1

Sportska-akademija-logo

20 септември - Интернационален ден на универзитетскиот спорт


 

 

 

Адреса

Министерство за образование и наука

ул. Св. Кирил и Методиј бр. 54

1000 Скопје, Република Македонија

Copyright © 2016 mon.gov.mk. Сите права се заштитени.

Контакти

phone icon +389 2 3117 896

fax +389 2 3118 414

mail contact@mon.gov.mk

Поврзете се со нас

facebook-icon

Следете нè на Facebook