“Висока делегација од Република Македонија, предводена од Државниот секретар при Министерството за образование и наука, г-ѓата Анета Трпевска,  учествуваше во работата на 61-то Заседание на Генералната конференција на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), која се одржа од 18-22 септември о.г. во Виена. На пленарната сесија, во рамки на своето обраќање, таа се осврна на значењето на соработката на Република Македонија со МААЕ во поглед на постигнувањето на потребниот степен на радијациона сигурност и нуклеарна безбедност од страна на Република Македонија во согласност со меѓународните безбедносни стандарди.

Во поглед на напорите на меѓународната заедница за обезбедување на колективна безбедност, Државниот секретар Трпевска истакна дека Република Македонија има пристапено кон обврзувачките правни инструменти и истите се вградени во националната легислатива за оваа област. Во таа смисла искажа и благодарност во поглед на севкупната подршка на МААЕ во зајакнувањето на националните капацитети за радијациона сигурност.

Во своето обраќање г-ѓата Трпевска посебно го нагласи значењето на регионалната програма на МААЕ во која Република Македонија зема активно учество. Таа го истакна и значењето на досегашната техничка помош од МААЕ остварена преку проектната соработка за воведување на нуклеарни техники во медицината, земјоделието, хидрологијата и заштита на животна средина, во чии рамки одредени македонски институции се промовирани во центри на извонредност и работат како тренинг институции за земјите од регионот.

Државниот секретар и членовите на делегацијата остварија средба со директорот на Секторот за техничка соработка за регионот на Европа, г-динот Мартин Краузе и проектниот менаџер за Македонија, г-ѓата Томоко Фурусава, на која беше искажано взаемното задоволство од успешната соработка, во чии рамки најзначаен е проектот за  формирање на Центарот за позитронско емисиона томографија (ПET дијагностика), за кој  МААЕ обезбеди бесплатна експертска помош, обука на кадарот како и опремување на радиофармацевтската лабораторија за производство на ккраткоживеачки радиоактивни изотопи и радиофармацевтски препарати, а Владата на Република Македонија ги обезбеди потребните финансиски средства за изградба на објектот и набавка на основната опрема.

На маргините на Конференцијата, Државниот секретар оствари повеќе билатерални средби, со високи претставници од земјите во регионот, во функција на понатамошно јакнење на регионалната соработка.“

ministerka-slika-mk

Министер за образование и наука

zamenik-mk

Заменик Министер за образование и наука 

 

misija i vizija

politika-za-kvalitet

sektori mon v2

organi mon v2

ucebnici-mon-gov-mk

cenovnik-za-oshteteni-uchebnici

otvoreno-vladino-partnerstvo

strategija-prepriemachko

SDIS v2

 

 

horizontal mk

 

NDC Skopje

horizon 2020 1 banner

Copy of NA Logo H MK 

centri za karierno 

PSO

Kampanja vlada

preliminarna-lista-1

ipa4

 

 

 

 

javen povik osnovno sredno

olimpijada-9

stipendii-stranstvo-mk-ang-baner

Banner tutori1

 

Banner Tracer MK

 logo-katalog

1000-knigi-novo

 

banner lab

obrazovanie na vozrasni

prezemi-upatstvo 

MCGO-baner

 Untitled-Banner 1

Sportska-akademija-logo

20 септември - Интернационален ден на универзитетскиот спорт


 

 

 

Адреса

Министерство за образование и наука

ул. Св. Кирил и Методиј бр. 54

1000 Скопје, Република Македонија

Copyright © 2016 mon.gov.mk. Сите права се заштитени.

Контакти

phone icon +389 2 3117 896

fax +389 2 3118 414

mail contact@mon.gov.mk

Поврзете се со нас

facebook-icon

Следете нè на Facebook