Почитувани,

    Во бројна низа од прес конференции, политичката партија ВМРО ДПМНЕ изнесува лажни и лицемерни тврдења во однос ребалансот на буџетот во Министерството за образование и наука.

Како што веќе ја известивме јавноста, стапката на реализација на предвидените проекти (инвестиции) за првите 5 месеци од 2017 година, период во кој работеше минатата Влада е исклучително ниска - во просек изнесува 6 % и е невозможно до крајот на годината да се реализираат 94% од планираниот Буџет. Истакнуваме дека вината за малата стапка на реализација во претходните 5 месеци мора да се посочи во минатата Влада, нејзината неактивност и неизвршување на работните обврски.

Мора да ја информираме јавноста дека локалните самоуправи кои во најголем број се раководени од политичката партија ВМРО – ДПМНЕ не издаваат одобренија за градби за изградба на училиштата и спортските сали, правејќи застој, свесно и намерно го опструираат целиот процес и инвестиции во образованието.

Ја известуваме јавноста дека основните и средни училишта нормално и непречено ќе ја вршат својата работа до крајот на годината а квалитетот на образованието, наставата, или пак ученичкиот стандард во ниту еден случај нема да дозволиме да страда, напротив, ќе ги издигнеме на повисоко ниво.

За крај би сакале да ја потенцираме и суштината на самиот инструмент на ребаланс на буџетот, кој се употребува со цел да се скрати на местата каде што не е возможна реализација на буџетските ставки, а се додава онаму каде што се потребни повеќе финансии, што претставува одговорно финансиско планирање.

Со почит,

Скопје, 20.7.2017

Одделение за односи со јавност

ministerka-slika-mk-2

Министер за образование и наука

zamenik-mk

Заменик Министер за образование и наука 

 

misija i vizija

politika-za-kvalitet

sektori mon v2

organi mon v2

ucebnici-mon-gov-mk

cenovnik-za-oshteteni-uchebnici

otvoreno-vladino-partnerstvo

strategija-prepriemachko

SDIS v2

 

mon_slika.jpg

 

NDC Skopje

horizon 2020 1 banner

Copy of NA Logo H MK 

centri za karierno 

PSO

Kampanja vlada

preliminarna-lista-1

ipa4

 

 

 

 

javen povik osnovno sredno

olimpijada-9

stipendii-stranstvo-mk-ang-baner

Banner tutori1

 

Banner Tracer MK

 logo-katalog

1000-knigi-novo

 

banner lab

obrazovanie na vozrasni

prezemi-upatstvo 

MCGO-baner

 Untitled-Banner 1

Sportska-akademija-logo

20 септември - Интернационален ден на универзитетскиот спорт


 

 

 

Адреса

Министерство за образование и наука

ул. Св. Кирил и Методиј бр. 54

1000 Скопје, Република Македонија

Copyright © 2016 mon.gov.mk. Сите права се заштитени.

Контакти

phone icon +389 2 3117 896

fax +389 2 3118 414

mail contact@mon.gov.mk

Поврзете се со нас

facebook-icon

Следете нè на Facebook