Универзитетот во Торино, Италија и Меѓународниот центар за обука на ИЛО во соработка со УНЕСКО и ИККРОМ организираат последипломски - магистерски студии од областа на светското културно наследство на УНЕСКО и развој на проекти од културата.

Програмата опфаќа различни културно – економски предмети и ги валоризира вредностите на културните и природните локалитети, вклучуваjќи истражувања за економските, социјалните, институционалните и правни начела по кои се води УНЕСКО при заштита на светските културни локалитети. Програмата, исто така, става акцент на стратешкиот менаџмент и надлежности за зачувување и промоција на овие локалитети, како и за следење на ефикасноста и соодветноста на примена на менаџмент планови и придружните културни проекти.

Последипломските-магистерски студии опфаќаат три образовни циклуси и ќе се одржуваат во периодот од 16.10.2017 до 12.10.2018 година.

Крајниот рок за пријавување е 25.08.2017 година.
Сите подетални информации за програмата за последипломските – магистерски студии, како и за начинот за пријавување се достапни на следниот линк: http://www.itcilo.org/masters-programmes/master-in-world-heritage-and-cultural-projects-for-development