Меѓународната ИБ-програма која лани првпат беше воведена во одделенска настава во основните училишта „Браќа Миладиновци” во Аеродром и во „Св. Кирил и Методиј” во Центар, од оваа учебна година ќе продолжи и во предметната настава во овие две скопски основни училишта - од шесто до деветто одделение, истакна на денешната прес-конференција заменик-министерот за образование и наука Спиро Ристовски, напоменувајќи дека имплементацијата на ИБ програмата се проширува и во повисоките одделенија поради доброто искуство и резултати од програмата и позитивните реакции на наставниците и на родителите на учениците.

 

- Со тоа целосно ќе го заокружиме нашето ветување за континуитет во спроведувањето на наставата по ИБ програма во овие две училишта, а не е исклучена и можноста, со оглед на интересот, во следниот период со оваа реформа да бидат опфатени и училишта од други општини во Република Македонија, за што ќе биде направена анализа и проценка на предусловите за имплементација на оваа образовна програма, рече Ристовски.

Можностите на програмата во првата година од нејзиното воведување ги искористиле 519 ученици во двете училишта, а со нејзиното проширување ќе бидат опфатени околу 820.

Министерството за образование и наука и натаму ќе ги финансира сите трошоци за имплементација на ИБ програмата, така што за родителите и училиштата ќе нема дополнителни финансиски оптоварувања.

Образовната програма ИБ е меѓународно стандардизирана и ја имаат воведено 145 земји и над 3.500 училишта, најчесто приватни. Се спроведува во соработка со Меѓународната ИБ образовна фондација, основана во 1969 со седиште во Женева. Опфаќа три генерални програми: за одделенска настава (од 3 до 12 години), за предметна настава (од 11 до 16 години) и програма диплома (за ученици од 16 до 19 години). Истата го надминува класичниот начин на предавање и е фокусирана кон стекнување суштинско знаење и вештини, преку поголема застапеност на интерактивна и практична настава.

 

zamenik-mk 

Министер за образование и наука

zamenik-petar-mk

Заменик министер за образование и наука

misija i vizija

politika-za-kvalitet

sektori mon v2

organi mon v2

ucebnici-mon-gov-mk

cenovnik-za-oshteteni-uchebnici

otvoreno-vladino-partnerstvo 

strategija-za-obr

strategija-prepriemachko

SDIS v2

mon_slika.jpg 

Informacii-od-javen-karakter-1

baner2 Foto novo 

MK-final-vertical-3-version-03.2017

NDC Skopje

horizon 2020 1 banner

Copy of NA Logo H MK 

centri za karierno 

PSO

Kampanja vlada

preliminarna-lista-1

ipa4

 

 

 

 

javen povik osnovno sredno

olimpijada-9

stipendii-stranstvo-mk-ang-baner

Untitled-Banner 1Banner tutori1

 

Banner Tracer MK

 logo-katalog

1000-knigi-novo

 

banner lab

obrazovanie na vozrasni

prezemi-upatstvo 

MCGO-baner

 

Sportska-akademija-logo

20 септември - Интернационален ден на универзитетскиот спорт


 

 

 

Адреса

Министерство за образование и наука

ул. Св. Кирил и Методиј бр. 54

1000 Скопје, Република Северна Македонија

Copyright © 2016 mon.gov.mk. Сите права се заштитени.

Контакти

phone icon +389 2 3117 896

fax +389 2 3118 414

mail contact@mon.gov.mk

Поврзете се со нас

facebook-icon

Следете нè на Facebook