Во Министерството за образование и наука на 7 јули 2017 година, согласно потпишаната Спогодба за научна и технолошка соработка помеѓу Владата на Република Македонија и Владата на Народна Република Кина, се одржа петтото заседание на македонско-кинеска комисија за научна и технолошка соработка.

Македонската делегеција ја предводеше г-ѓа Анета Трпевска , Државен секретар во Министерството за образование и наука на Република Македонија.
Кинеската делегација ја предводеше г-дин Чен Линхао, Заменик генерален директор во Секторот за меѓународна соработка во Министерството за наука и технологија на Народна Република Кина.
Делегациите разменија информации за клучните стратегии и планови за научно – истражувачка дејност и технолошкиот развој во двете земји како и за заедничко вклучување во меѓународните програми и проекти.

За време на работната средба се потпиша Протокол од петтото заседание на македонско-кинеска комисија за научна и технолошка соработка и беа одобрени 13 заедничко македонско-кинески научно-истражувачки проекти во областите: биологија, ветеринарна медицина, рибарство, храна и вино, фармакогнозија, информатичка технологија и автоматика, компјутерска техника и информатика, енергетика, градежништво, менаџмент, контрола на квалитет, земјотресно инженерство, дигитална економија, животна средина и телекомуникации за реализација за наредниот двегодишен период 2018-2019 година.

Во текот на работната средба од двете страни се искажа подготвеност за продлабочување и интензивирање на соработка во науката, технологијата и иновациите со заеднички настапи во мултилатералните научни европски програми за истражување и иновации.
Исто така се потенцира и интензивирањето на соработка во технологиите и меѓународен трансфер на технологии 16+1, Народна Република Кина и 16 Централно-источните европски земји во рамки на Нанџинг Декларацијата за заедничка соработка во согласност со стратешкиот план на НР Кина- ЕУ 2020.

Во рамките на Програмата за посетата на високата делегација на Министерството за наука и технологија на НР Кина, се реализираа работни посети на Институтот за земјотресно инженерство и инженерска сеизмологија, Хидробиолошки институт во Охрид, Унивезитетот за информатички науки и технологии Св. „ Апостол Павле“- Охрид и Машинскиот факултет- Скопје.

ministerka-slika-mk

Министер за образование и наука

zamenik-mk

Заменик Министер за образование и наука 

 

misija i vizija

politika-za-kvalitet

sektori mon v2

organi mon v2

ucebnici-mon-gov-mk

cenovnik-za-oshteteni-uchebnici

otvoreno-vladino-partnerstvo

strategija-prepriemachko

SDIS v2

 

 

horizontal mk

 

NDC Skopje

horizon 2020 1 banner

Copy of NA Logo H MK 

centri za karierno 

PSO

Kampanja vlada

preliminarna-lista-1

ipa4

 

 

 

 

javen povik osnovno sredno

olimpijada-9

stipendii-stranstvo-mk-ang-baner

Banner tutori1

 

Banner Tracer MK

 logo-katalog

1000-knigi-novo

 

banner lab

obrazovanie na vozrasni

prezemi-upatstvo 

MCGO-baner

 Untitled-Banner 1

Sportska-akademija-logo

20 септември - Интернационален ден на универзитетскиот спорт


 

 

 

Адреса

Министерство за образование и наука

ул. Св. Кирил и Методиј бр. 54

1000 Скопје, Република Македонија

Copyright © 2016 mon.gov.mk. Сите права се заштитени.

Контакти

phone icon +389 2 3117 896

fax +389 2 3118 414

mail contact@mon.gov.mk

Поврзете се со нас

facebook-icon

Следете нè на Facebook