Прес-конференцијата на ВМРО ДПМНЕ и критиките за ребалансот на Буџетот се упатени на погрешна адреса. Поискрено би  било да се свртат кон своите поранешни министри и актуелни градоначалници и од нив да побараат одговори за криминалното работење но и за моменталната опструкцијата на сите процеси во образованието кои доведоа до кратење на одредени ставки.
Реализацијата на буџетот за инвестиции за првите 5 месеци  од 2017  година кој претходната Влада  го спровела е во просек 6 % така што е невозможно за наредните неколку месеци да се реализираат 94% од планираниот Буџет.
Единствено место каде претходната Влада има реализација за првите 5 месеци од неверојатни 92,61 % е кај ставката за репрезентација каде потрошиле 114 223 евра или над 7 милиони денари.
Средствата предвидени за реновирање на основни и средни училишта како и изградба на спортски сали се скратени од единствена причина што Општините кои во над 90% се раководени од ВМРО ДПМНЕ не издаваат одобренија за градби и на таков начин свесно и намерно го опструираат целиот процес.
За опремување на училишта со таблети тендерската постапка воопшто не е ни започната. Што чекала претходната Влада? Зошто воопшто не го ни распишала тендерот кој треба да биде меѓународен и за кој има административна процедура која трае од 3 до 6 месеци пред да биде одобрен, а која воопшто не е ни отпочната, а не да биде сведена до фаза на реализација.
Лага е дека се скратени средства за постоечките Универзитети, скратени се сретствата за Дамјан Груев за кој уште на почеток бевме транспарентни дека нема да почне со работа.
Со одложувањето на Кембриџ во средно училиште им заштедивме на граѓаните неколку стотици милиони средства, кои со штетни договори беа ексклузивно право на привилигирани компании кои му продавале на МОН учебник по 900 денари. Нивото на преводите на стручната литература на граѓаните им се познати, а и криминалите во рамките на тој проект најверојатно ќе бидат предизвик за работа за  инспекциските органи. Студентските домови се гушат во долгови создавани изминатите 10 години и се над 300 милиони денари од несериозно и криминално работење на претходната Влада.
Министерство за образование и наука предвидува нови 35 милиони денари за студентски стандард и 10 милиони денари за ученички стандард кои се наменети за ученички стипендии и школарини. Ние вложуваме во квалитетно образование и вложуваме во човечкиот капитал. Криминални агенди не не интересираат, а опструкции нема да не поколебаат. ВМРО ДПМНЕ може да продолжи да тоне но нивните деструктивни политики во образованието завршија, за добро на учениците, студентите и професорите.

ministerka-slika-mk

Министер за образование и наука

zamenik-mk

Заменик Министер за образование и наука 

misija i vizija

politika-za-kvalitet

sektori mon v2

organi mon v2

ucebnici-mon-gov-mk

cenovnik-za-oshteteni-uchebnici

otvoreno-vladino-partnerstvo

strategija-prepriemachko

SDIS v2

 

 

horizontal mk

 

NDC Skopje

horizon 2020 1 banner

Copy of NA Logo H MK 

centri za karierno 

PSO

Kampanja vlada

preliminarna-lista-1

ipa4

 

 

 

 

javen povik osnovno sredno

olimpijada-9

stipendii-stranstvo-mk-ang-baner

Banner tutori1

 

Banner Tracer MK

 logo-katalog

1000-knigi-novo

 

banner lab

obrazovanie na vozrasni

prezemi-upatstvo 

MCGO-baner

 Untitled-Banner 1

Sportska-akademija-logo

20 септември - Интернационален ден на универзитетскиот спорт


 

 

 

Адреса

Министерство за образование и наука

ул. Св. Кирил и Методиј бр. 54

1000 Скопје, Република Македонија

Copyright © 2016 mon.gov.mk. Сите права се заштитени.

Контакти

phone icon +389 2 3117 896

fax +389 2 3118 414

mail contact@mon.gov.mk

Поврзете се со нас

facebook-icon

Следете нè на Facebook