Министерот за образование и наука м-р Абдилаќим Адеми денес го посети основното училиште „Браќа Рамиз - Хамид“ во општина Шуто Оризари, каде се во тек градежни зафати со кои се врши доградба на постоечкиот објект, со што се зголемува капацитетот за изведување на настава за околу 560 ученици.

 

- Средствата во висина од 73.441.944 денари се обезбедени од буџетот на Министерството за образование и наука. Со оваа инвестиција, учениците и училиштето добија дополнителни два ката со вкупна површина од 2000 м2. Просторот е организиран така што се оформени 21 училница, со комуникации со постоечкиот објект, санитарии и атриум, изјави министерот Адеми, напоменувајќи дека училиштето ќе биде комплетно опремено до крајот на месец септември.

Морам да напоменам, истакна министерот Адеми, дека ова не е единствената инвестиција во Општина Шуто Оризари.

- Со средства на Министерството за образование и наука извршена е и доградба на објектот на основното училиште „26 Јули“, со што се обезбеди дополнителен простор од 1080 м2 за изведба на наставата за околу 270 ученици, доколку наставата се одвива во една смена. Изградени се нови 9 училници и помошни простории на приземјето и првите два ката, додека на последниот кат има сала за состаноци. Градбата е целосно завршена и во наредниот период ќе биде отпочната постапка за избор на најповолен понудувач за опремување со мебел, додаде министерот Адеми.

Од оваа учебна година како што е веќе познато, настава ќе се одвива и во првото средно училиште во оваа општина. Објектот со 14 училници и 4 кабинети е изграден, во тек се активности за негово опремување. За оваа инвестиција МОН обезбеди 87.541.460 денари. Објектот има подрум на еден дел, приземје и кат со вкупна површина од 2400 м2. Во состав на објектот изградена е и училишна спортска сала.

 

zamenik-mk 

Министер за образование и наука

zamenik-petar-mk

Заменик министер за образование и наука

misija i vizija

politika-za-kvalitet

sektori mon v2

organi mon v2

ucebnici-mon-gov-mk

cenovnik-za-oshteteni-uchebnici

otvoreno-vladino-partnerstvo 

strategija-za-obr

strategija-prepriemachko

SDIS v2

mon_slika.jpg 

Informacii-od-javen-karakter-1

baner2 Foto novo 

MK-final-vertical-3-version-03.2017

NDC Skopje

horizon 2020 1 banner

Copy of NA Logo H MK 

centri za karierno 

PSO

Kampanja vlada

preliminarna-lista-1

ipa4

 

 

 

 

javen povik osnovno sredno

olimpijada-9

stipendii-stranstvo-mk-ang-baner

Untitled-Banner 1Banner tutori1

 

Banner Tracer MK

 logo-katalog

1000-knigi-novo

 

banner lab

obrazovanie na vozrasni

prezemi-upatstvo 

MCGO-baner

 

Sportska-akademija-logo

20 септември - Интернационален ден на универзитетскиот спорт


 

 

 

Адреса

Министерство за образование и наука

ул. Св. Кирил и Методиј бр. 54

1000 Скопје, Република Северна Македонија

Copyright © 2016 mon.gov.mk. Сите права се заштитени.

Контакти

phone icon +389 2 3117 896

fax +389 2 3118 414

mail contact@mon.gov.mk

Поврзете се со нас

facebook-icon

Следете нè на Facebook