Во Република Македонија во учебната 2016/2017 година во деветто одделение завршија 20 712 ученици. Согласно измените на Законот за средно образование, средното образование од учебната 2008/2009 година е задолжително за сите ученици. За таа цел се обезбедени доволен број на слободни места, вкупно 35 909 ученички места и тоа 25 127 на македонски наставен јазик, 9 830 на албански наставен јазик, 918 на турски наставен јазик и 34 на српски наставен јазик (во кои се вклучени и паралелките во реформирано двегодишно и тригодишно стручно образование) во сите јавни средни училишта во Република Македонија.

Првото пријавување во јунскиот уписен рок во јавните средни училишта во Република Македонија за учебната 2017/2018 година се реализира на 28 и 29 јуни 2017 година, а резултатите од запишувањето и слободните места ќе се објават денес 30 јуни 2017 година.

Од извештаите добиени од јавните средни училишта во Република Македонија за првото пријавување во јунскиот уписен рок за бројот на пријавени, запишани ученици како и бројот на слободни места, добиени се податоци за второто пријавување во јунскиот уписен рок во јавните средни училишта:

• Уписот е завршен за гимназиско образование во:
 СУГС Гимназија „Никола Карев“ – Град Скопје,
 СУГС Гимназија „Орце Николов“ – Град Скопје,
 СУГС „Георги Димитров“ – Град Скопје;
 СУГС „Раде Јовчевски Корчагин“ – Град Скопје;
 СУГС Гимназија „Јосип Броз Тито“ – Битола.

• Уписот е завршен за здравствена струка во:
- СУГС „Д-р Панче Караѓозов“ – Град Скопје, за образовниот профил медицинска сестра, забен техничар, фармацевтски лабораториски техничар во паралелките на македонски наставен јазик и на албански наставен јазик, како и за образовниот профил физиотерапевтски техничар и медицинско лабораториски техничар во паралелките на македонски наставен јазик;
- СОУ„Наце Буѓони“ – Куманово за образовниот профил медицинска сестра во паралелките на албански наставен јазик;
- СОУ „Ѓорче Петров“ - Прилеп за образовниот профил: медицинска сестра и фармацевтски лабораториски техничар во паралелките на македонски наставен јазик;
- СОСУ „Св.Кирил и Методиј“ – Охрид за образовниот профил медицинска сестра во паралелките на македонски наставен јазик;
- СОУ „Нико Нестор“ – Струга за образовниот профил медицинска сестра во паралелките на македонски наставен јазик;
- СОУ „Димитар Влахов“ – Струмица, за образовниот профил медицинска сестра, фармацевтски лабораториски техничар и физиотерапевтски техничар во паралелките на македонски наставен јазик.

• Уписот е завршен за економско – правна и трговска струка во:
- СОУ „Јане Сандански“ – Битола, за образовниот профил економски техничар во паралелките на македонски наставен јазик;
- СОУ „Нико Нестор“ – Струга за образовниот профил економски техничар во паралелките на македонски наставен јазик;
- СОУ „8ми Септември“ – Тетово за образовниот профил правен техничар во паралелките на македонски наставен јазик.

• Уписот е завршен за електротехничка струка во:
- СОУ „Гошо Викентиев“ – Кочани, за образовниот профил електротехничар за компјутерска техника и автоматика во паралелките на македонски наставен јазик;
- СОУ „Никола Карев“ – Струмица за образовниот профил електротехничар за компјутерска техника и автоматика во паралелките на македонски наставен јазик.


• Уписот е завршен за машинска струка во:
- СОУ „Никола Карев“ – Струмица за образовниот профил автотехничар - мехатроничар и техничар за компјутерско управување во паралелките на македонски наставен јазик.


Во првото пријавување од јунскиот уписен рок вкупно се пријавија 17 179 ученици од кои:
• 12 401 ученик за настава на македонски наставен јазик;
• 4 445 ученици за настава на албански наставен јазик;
• 235 ученици за настава на турски наставен јазик и
• 98 повторувачи.

Во првото пријавување од јунскиот уписен рок вкупно се запишаа 11 205 ученици од кои:
• 8 590 ученици за настава на македонски наставен јазик;
• 2 440 ученици за настава на албански наставен јазик;
• 99 ученици за настава на турски наставен јазик и
• 76 повторувачи.

Слободни места за второто пријавување во јунскиот уписен рок има за вкупно 24 529 ученици од кои:
• 16 118 слободни места за настава на македонски наставен јазик;
• 7 455 слободни места за настава на албански наставен јазик;
• 819 слободни места за настава на турски наставен јазик;
• 34 слободни места на српски наставен јазик и
• 103 слободни места за повторувачи.


СПОРЕД ВИДОТ НА ОБРАЗОВАНИЕТО

Запишани се вкупно:

• 4 878 ученици во гимназиско образование од кои:
 3 810 ученици на македонски наставен јазик;
 941 ученик на албански наставен јазик;
 64 ученици на турски наставен јазик и
 63 повторувачи.

• 6 151 ученици во стручно образование од кои:
 4 636 ученици на македонски наставен јазик;
 1 467 ученици на албански наставен јазик;
 35 ученици на турски наставен јазик и
 13 повторувачи.

• 176 ученици во спортска гимназија од кои:
 144 ученици на македонски наставен јазик и
 32 ученици на албански наставен јазик.

Слободни места за второто пријавување во јунскиот уписен рок има за:

• во гимназиско образование 6 171 слободни места од кои:
 3 504 за ученици на македонски наставен јазик;
 2 215 за ученици на албански наставен јазик;
 344 за ученици на турски наставен јазик;
 34 за ученици на српски наставен јазик и
 74 за повторувачи.

• во стручно образование 18 252 слободни места од кои:
 12 554 за ученици на македонски наставен јазик;
 5 204 за ученици на албански наставен јазик;
 475 за ученици на турски наставен јазик и
 19 за повторувачи.

• во спортска гимназија 106 слободни места од кои:
 60 за ученици на македонски наставен јазик;
 36 за ученици на албански наставен јазик и
 10 за повторувачи.

Во вкупниот број на запишани ученици и слободни места за второто пријавување во јунскиот уписен рок, не е пресметан бројот на учениците од средните училишта за уметничко образование, бидејќи учениците во тие училишта полагаат дополнителни испити.

Слободни места за запишување на ученици за второто пријавување во јунскиот уписен рок, има во јавните средни училишта во сите општини во Република Македонија.

Второто пријавување од јунскиот уписен рок и запишување на учениците ќе се врши на 5 јули 2017 година, а резултатите од запишувањето и слободните места ќе се објават на 6 јули 2017 година.

Во Државното средно училиште Спортска академија, во прва година се запишаа вкупно 204 ученици, од кои: 116 за фудбал, 58 за ракомет, 25 за кошарка и 5 тенис.

Поради големиот интерес на учениците за упис во СУГС Гимназија „Орце Николов“ – Скопје, Министерството за образование и наука одлучи во СУГС Гимназија „Орце Николов“ – Скопје да не се спроведе квалификационо тестирање, односно да бидат примени сите ученици кои во текот на основното образование постигнале континуиран одличен успех во сите одделенија и сите наставни предмети.

ministerka-slika-mk

Министер за образование и наука

zamenik-mk

Заменик Министер за образование и наука 

 

misija i vizija

politika-za-kvalitet

sektori mon v2

organi mon v2

ucebnici-mon-gov-mk

cenovnik-za-oshteteni-uchebnici

otvoreno-vladino-partnerstvo

strategija-prepriemachko

SDIS v2

 

 

horizontal mk

 

NDC Skopje

horizon 2020 1 banner

Copy of NA Logo H MK 

centri za karierno 

PSO

Kampanja vlada

preliminarna-lista-1

ipa4

 

 

 

 

javen povik osnovno sredno

olimpijada-9

stipendii-stranstvo-mk-ang-baner

Banner tutori1

 

Banner Tracer MK

 logo-katalog

1000-knigi-novo

 

banner lab

obrazovanie na vozrasni

prezemi-upatstvo 

MCGO-baner

 Untitled-Banner 1

Sportska-akademija-logo

20 септември - Интернационален ден на универзитетскиот спорт


 

 

 

Адреса

Министерство за образование и наука

ул. Св. Кирил и Методиј бр. 54

1000 Скопје, Република Македонија

Copyright © 2016 mon.gov.mk. Сите права се заштитени.

Контакти

phone icon +389 2 3117 896

fax +389 2 3118 414

mail contact@mon.gov.mk

Поврзете се со нас

facebook-icon

Следете нè на Facebook