Шефот на мисијата на ОБСЕ во Скопје, Нина Суомалаинен, на денешната средба и го честиташе на министерката за образование и наука Рената Дескоска изборот на новата функција.
На средбата, Дескоска се заблагодари на долгогодишната соработка со мисијата на ОБСЕ во делот на образованието, посебно за проектите за безбедноста во училиштата, медијацијата во училиштата, како и обука на наставниците за работа во мултикултурни средини.
Дескоска ги образложи заложбите на Министерството за образование и наука за инклузивно образование и интегративно мултикултурно образование. Министерката додаде дека следни проекти на кои ќе се работи се проекти за зголемување на квалитетот во основните и средните училишта, зголемување на квалитетот во средното стручно образование и обука, како и изготвување на нов Закон за високо образование.
На крај, Дескоска и Суомалаинен се согласија дека постои простор за соработка во делот на интегрирано и инклузивно образование, подобрување на учебниците и курикулумите и програмите за менторирање и поддршка на учениците Роми во основното и средното образование.