Министерот за образование и наука Пиштар Лутфиу присуствуваше на завршниот настан во рамки на регионалниот проект за поттикнување и подигнување на квалитетот на претприемничкото образование преку обука на наставници за успешно реализирање на наставата по бизнис и претприемништво, кој се спроведуваше согласно потпишаниот меморандум за соработка меѓу Министерството за образование и наука на Република Македонија и КултурКонтакт Австрија.

Во своето обраќање министерот Лутфиу истакна дека развивањето на претприемничкиот дух кај младите е повеќе од неопходно и треба да трае континуирано за време на основното и средното образование, но и да се применува во контекст на доживотното учење. Потенцираше дека претприемничкото образование зазема значајно место меѓу приоритетите на ресорното министерство. Креативноста и иновативноста се потребни во секоја пора од општествениот и економскиот живот на Република Македонија и затоа Министерството за образование и наука во континуитет презема мерки со кои претприемничкото образование се практикува како дел од редовниот наставен процес.
Нагласи дека неопходно е квалитетно претприемничко образование, како од аспект на теоријата, така и од аспект на практиката, кое ќе помогне во градењето на младина со проактивен и иновативен начин на размислување.

“Во таа насока, во изминатите години направивме неколку крупни чекори на сите нивоа и во сите сегменти од нашиот образовен систем. Покрај иницираните измени во наставните содржини по 6 предмети во деветгодишното основно образование преку воведување на теми од областа претприемништвото и иновациите, воведен е предметот “Иновации“ како посебен предмет во деветто одделение, а во средното образование ги воведовме предметите “бизнис“ и “бизнис и претприемништво“.

Министерот Лутфиу, се заблагодари за големиот придонес на КултурКонтакт Австрија, кој преку овој регионален проект што освен во Македонија се имплементираше и во Албанија и Косово успеа да обучи околу 72 наставници, а во тек е обука на уште 27 наставници. Изрази благодарности и до сите наставници кои остануваат посветени на современите трендови во претприемачкото образование и применуваат иновативни начини на реализација на наставните програми.

ministerka-slika-mk-2

Министер за образование и наука

zamenik-mk

Заменик Министер за образование и наука 

 

misija i vizija

politika-za-kvalitet

sektori mon v2

organi mon v2

ucebnici-mon-gov-mk

cenovnik-za-oshteteni-uchebnici

otvoreno-vladino-partnerstvo

strategija-prepriemachko

SDIS v2

 

mon_slika.jpg

 

NDC Skopje

horizon 2020 1 banner

Copy of NA Logo H MK 

centri za karierno 

PSO

Kampanja vlada

preliminarna-lista-1

ipa4

 

 

 

 

javen povik osnovno sredno

olimpijada-9

stipendii-stranstvo-mk-ang-baner

Banner tutori1

 

Banner Tracer MK

 logo-katalog

1000-knigi-novo

 

banner lab

obrazovanie na vozrasni

prezemi-upatstvo 

MCGO-baner

 Untitled-Banner 1

Sportska-akademija-logo

20 септември - Интернационален ден на универзитетскиот спорт


 

 

 

Адреса

Министерство за образование и наука

ул. Св. Кирил и Методиј бр. 54

1000 Скопје, Република Македонија

Copyright © 2016 mon.gov.mk. Сите права се заштитени.

Контакти

phone icon +389 2 3117 896

fax +389 2 3118 414

mail contact@mon.gov.mk

Поврзете се со нас

facebook-icon

Следете нè на Facebook