Заменик министерот за образование и наука Спиро Ристовски денеска присуствуваше на отворањето на новата спортска сала во состав на основното училиште “Кочо Рацин“ во Кратово, која започна да се гради на почетокот на минатата година.

Станува збор за објект со површина од 650 квадратни метри кој е целосно опремен за реализација на повеќе спортови како мал фудбал, ракомет, кошарка, одбојка, гимнастички вежби и пинг понг.

Ристовски рече дека отсега околу 250те ученици од ова училиште ќе можат достојно да ги реализираат часовите по спорт и спортски активности, а салата ќе можат да ја користат и по завршување на часовите, исто како и сите жители на околните населени места и на Кратово. Додаде дека салата ќе биде на располагање и на локалните спортски клубови, кои освен за обавување на тренинзите, со оглед на стандардите кои објектот ги исполнува, ќе можат да реализираат и професионални спортски натпревари.

Салата во која се инвестирани 400 илјади евра е дел од владиниот проект за унапредување на спортската инфраструктура во земјата, преку кој досега, Министерството за образование и наука и Агенцијата за млади и спорт изградија вкупно 101 училишнa спортскa салa.

ministerka-slika-mk-2

Министер за образование и наука

zamenik-mk

Заменик Министер за образование и наука 

 

misija i vizija

politika-za-kvalitet

sektori mon v2

organi mon v2

ucebnici-mon-gov-mk

cenovnik-za-oshteteni-uchebnici

otvoreno-vladino-partnerstvo

strategija-prepriemachko

SDIS v2

 

mon_slika.jpg

 

NDC Skopje

horizon 2020 1 banner

Copy of NA Logo H MK 

centri za karierno 

PSO

Kampanja vlada

preliminarna-lista-1

ipa4

 

 

 

 

javen povik osnovno sredno

olimpijada-9

stipendii-stranstvo-mk-ang-baner

Banner tutori1

 

Banner Tracer MK

 logo-katalog

1000-knigi-novo

 

banner lab

obrazovanie na vozrasni

prezemi-upatstvo 

MCGO-baner

 Untitled-Banner 1

Sportska-akademija-logo

20 септември - Интернационален ден на универзитетскиот спорт


 

 

 

Адреса

Министерство за образование и наука

ул. Св. Кирил и Методиј бр. 54

1000 Скопје, Република Македонија

Copyright © 2016 mon.gov.mk. Сите права се заштитени.

Контакти

phone icon +389 2 3117 896

fax +389 2 3118 414

mail contact@mon.gov.mk

Поврзете се со нас

facebook-icon

Следете нè на Facebook