Studenski-dom-goce-nova-soba-5-Custom Fotor Collage

Со отпочнување на градежните зафати за обнова на блоковите В и Г во студентскиот дом “Гоце Делчев“ во текот на вчерашниот ден продолжи реализацијата на инвестицијата за целосна реконструкција на најголемиот објект за сместување и престој на студенти под надлежност на државата.

Активностите за кои, во оваа фаза од најавената етапна реконструкција на домот се одвоени 2,3 милиони евра, предвидуваат замена на сите внатрешни и надворешни врати и прозорци, поставување на нови подови, нова електрична и водоводна инсталација, како и систем за парно греење, молерисување на ѕидовите и нова опрема во сите соби.

Согласно договорот и дефинираната динамика за работа, преземените обврски од страна на изведувачот ќе бидат заокружени на почетокот на следната календарска година.

За потсетување, досега целосно беа реконструирани блоковите А и Б, каде освен што се постави и нов мебел, односно нови кревети, бироа, столчиња, плакари, полици и мини кујни, беа инсталирани и нови лифтови, но и перални и сушални кои интензивно се користат од страна на студентите.

Инаку нов мебел, перални, сушални и нови лифтови се поставени и во сите останати државни студентски домови, а во меѓувреме, како дел од владината стратегија за унапредување на условите за сместување и престој на студенти во објекти под надлежност на државата за чија имплементација досега се вложени околу 8 милиони евра, беа изградени и целосно нови капацитети во рамки на студентскиот дом “Стив Наумов“.

Согласно плановите, во периодот што следи ќе се градат и три целосно нови студентски домови, од кои за два, во вредност од 5 милиони евра - еден во Скопје на местото на Медицинар и еден во Тетово за потребите на тамошниот државен универзитет, веќе се склучени договори со компаниите кои доставија најповолни понуди на јавните повици.

minister-sajt-mk

Министер за образование и наука

spiro ristovski w2

Заменик министер за образование и наука

misija i vizija

politika-za-kvalitet

sektori mon v2

organi mon v2

ucebnici-mon-gov-mk

cenovnik-za-oshteteni-uchebnici

otvoreno-vladino-partnerstvo

strategija-prepriemachko

SDIS v2

 

 

horizontal mk

 

NDC Skopje

horizon 2020 1 banner

Copy of NA Logo H MK 

centri za karierno 

PSO

Kampanja vlada

preliminarna-lista-1

ipa4

 

 

 

 

javen povik osnovno sredno

olimpijada-9

stipendii-stranstvo-mk-ang-baner

Banner tutori1

 

Banner Tracer MK

 logo-katalog

1000-knigi-novo

 

banner lab

obrazovanie na vozrasni

prezemi-upatstvo 

MCGO-baner

 Untitled-Banner 1

Sportska-akademija-logo

20 септември - Интернационален ден на универзитетскиот спорт


 

 

КОНКУРС

за стипендии за студиски престој во земјите членки на CEEPUS Програмата

Адреса

Министерство за образование и наука

ул. Св. Кирил и Методиј бр. 54

1000 Скопје, Република Македонија

Copyright © 2016 mon.gov.mk. Сите права се заштитени.

Контакти

phone icon +389 2 3117 896

fax +389 2 3118 414

mail contact@mon.gov.mk

Поврзете се со нас

facebook-icon

Следете нè на Facebook