Министерот за образование и наука м-р Абдилаќим Адеми, денеска беше во посета на Државниот универзитет во Тетово, каде оствари средба со ректорот на ДУТ Вулент Амети. Во оваа прилика, Адеми го информираше ректорот за повеќе активности кои ги презема министерството, а кои се во насока за подобрување на високообразовната дејност на универзитетот.

 


Министерот истакна дека Владата на последната седница донесе одлука за давање на времено користење на дел од просториите на  ЈЗУ „Центар за јавно здравје Тетово“ за потребите на медицинскиот факултет при ДУТ. На постоечкиот објект има можност да се догради уште еден кат, зависно од потребите на факултетот, рече Адеми.

Адеми го информираше ректорот и за покренатата иницијатива за реформите на педагошките факултети, во рамките на која ќе биде основан педагошки факултет и на ДУТ. Тој истакна и дека во септември МОН до Собранието ќе достави  предлог за измени и дополнување на законот за основање на ДУТ со кој покрај педагошкиот ќе можат да се формираат и  земјоделски факултет и факултет за геонауки и технологии.

Министерот Адеми и ректорот Амети разговараа и за можноста професори од странство да основаат работен однос на ДУТ и по пат на менторство да ги пренесат искуствата од реномираните универзитети на  студентите, како и да ја продлабочат соработката со нашите професори. Во оваа насока, стана збор и за покрената постапка за измени на Законот за високо образование со кој ќе се овозможи превод на 50 учебници кои се користат на првите десет рангирани универзитети според Шангајската листа.

Ректорот на ДУТ Амети истакна дека по назначувањето на г-дин Адеми на чело на Министерството за образование и наука, двете институции изградиле нов дух на соработка, со цел на унапредување на образовните, научните и воопшто академските дејности.

- Пред помалку од еден месец, во соработка со Министерството за образование и наука, за потребите на Факултетот за медицински науки, ги промовиравме Лабораторијата за Хистопатологија и Лабораторијата за Стоматологија, додека денес,  превземаме дел од просторијата на Центарот за јавно здравство, и истиот ќе се користи од страна на Државниот универзитет во Тетово, односно Факултетот за медицински науки, додека со овие инвестиции кои ги реализираме во нашиот факултет, на оваа академска единицата и овозможуваме унапредување и нормално одвивање на редовниот наставен и научен процес, како во теоретскиот така и во практичниот дел- рече ректорот на ДУТ, Вулнет Амети.

 

zamenik-mk 

Министер за образование и наука

zamenik-petar-mk

Заменик министер за образование и наука

misija i vizija

politika-za-kvalitet

sektori mon v2

organi mon v2

ucebnici-mon-gov-mk

cenovnik-za-oshteteni-uchebnici

otvoreno-vladino-partnerstvo 

strategija-za-obr

strategija-prepriemachko

SDIS v2

mon_slika.jpg 

Informacii-od-javen-karakter-1

baner2 Foto novo 

MK-final-vertical-3-version-03.2017

NDC Skopje

horizon 2020 1 banner

Copy of NA Logo H MK 

centri za karierno 

PSO

Kampanja vlada

preliminarna-lista-1

ipa4

 

 

 

 

javen povik osnovno sredno

olimpijada-9

stipendii-stranstvo-mk-ang-baner

Untitled-Banner 1Banner tutori1

 

Banner Tracer MK

 logo-katalog

1000-knigi-novo

 

banner lab

obrazovanie na vozrasni

prezemi-upatstvo 

MCGO-baner

 

Sportska-akademija-logo

20 септември - Интернационален ден на универзитетскиот спорт


 

 

 

Адреса

Министерство за образование и наука

ул. Св. Кирил и Методиј бр. 54

1000 Скопје, Република Северна Македонија

Copyright © 2016 mon.gov.mk. Сите права се заштитени.

Контакти

phone icon +389 2 3117 896

fax +389 2 3118 414

mail contact@mon.gov.mk

Поврзете се со нас

facebook-icon

Следете нè на Facebook